Може, но и не мора. Штом ти доцни една недела би требало да се види сакус доколку си бремена. Но пак зависи од тоа кога ти била овулацијата и незаштитениот однос.
Zdravo zenski jas pred nekoj den imav glavobolka celiot den, pred toj den spiev i celiot den i potoa vecerta si legnav uste vo devet casot, gradite me bolat nema sansi da gi dopram,
Девојки здраво. Циклус сум имала редовен ,на 26-28 дена . Месец Декември добив на 24ти ден ,а месец Јануари на 32 ден. Циклусот ми трае обично 5 дена. Со сопругот пробуваме за деца веќе долго време, проблемот е кај него, примаше терапии и оперираше варикоцела. Но, сега друго сакам да споделам со вас. Месецов земав тест за овулација (прв пат)и првиот го направив 9ти ден после циклус,и ми покажа баш позитивен, следниот исто ми покажа две црти и веќе со другите се намалуваше едната цртка. Значи бевме активни тие три дена. И веќе од вчера имам некои благи симптоми од време на време како болка пред циклус. Денес е веќе 17ти ден од последниот циклус,рано е за следен. Дали имате некое искуство да споделите? Ви благодарам. Убав ден на сите.
Јас користев тест за овулација дента кога испадна поз резултатот беше 10 ден од циклус. Цуклусот ми беше редовен на 26-7 дена. Кога требаше да добијам имав болки исто како пред добивање но не ми дојде и чекав зошто ме болеше мислев ќе добијам ама по два три дена се смирија симптомите за добивање и тогаш наоравив тест и испадна позитивен. Се надевам ке се израдуваш но мора да ти доцни за најточен резултат. Зошто имплантацијата може да настане и 12 дена по овулација па ако оравиш порано тест може да. Е лажно негстивен. Почекај имаш уште малку време. Со среќа
Дали имавте други рани симптоми ? Јас чувствувам и вртоглавица,и поспаност. Дали е потсвесно незнам. Дај Боже да е бременост. Ти благодарам ♡
Не ништо само болки како задобивање а мачнини почнаа по 6та недела. Ама кај некои има посапност и вртоглавица
Ако те разбрав околу 22ри месецов сте имале односи, и вчера после 8 дена почнале симптоми? Нема шанси толку рано симптоми на бременост, никакви. После 8 дена можно е јајце клетката уште да патува, да нема бременост сеуште, во наредните дена може да се случи бременост. Ако сте се обидувале, чекај барем 1 ден да ти касни и направи си тест. Среќно
Хелп Веќе 4 месеци се обидуваме со сопругот за дете меѓутоа од тогаш ми се случува нешто што ме плаши. После секој однос ме боли десниот јајник и болката е проширена и назад во долниот десен дел на кичмата и малце погоре накај бубрегот . Дали некоја имала вакво искуство ? Значи кога сме имале односи претходно без завршување внатре се било најнормално без никаква болка отпосле.
Јас мислам дека е можно, бодејќи имплантацијата е од 6 до 12 дена. И јас кога останав бремена знаев и имав симптоми. На 11.01 незаштитен однос на 18.01 почнав да чувствувам како градите да ми се полнат со млеко ете такво чувство, не болка, не подуеност и требаше да Недобијам на 26-27. 01,тест правев на 24 и се покажа бледа линија, па на 27 го повторив и линијата беше потемна.
Ете вие имате друго мислење,и секое е добродојдено. Споделив со вас симптоми бидејќи ми е почудно од вообичаено,и затоа побарав мислења. Не тврдам дека е бременост,но дај Боже да е. Со оглед на тоа дека 9ти,10ти ден ми била овулација, порано во секој случај,јас симптомите како пред циклус јас ги имам и сега . Но тие болки не се јаки. Кај секого е различно. Сепак ќе почекам уште една недела до циклус. Ви благодарам на сите
Не е можно. Не е само времето на имплантација, пред тоа имаш и околу недела дена време дури се оплоди јајце клетката, па патува до имплантација. После 8 дена едноставно е невозможно да се осеќаат било какви симптоми.
Јас симптоми имам но не константно,само благи болки во долниот дел од стомакот ,немам ни мачнини,ни нагони за повраќање . Осетив малце поспаност ,вртоглавици и замор последниве два дена . Се трудам да не мислам,но малце што осеќав болки како за циклус и мали грчеви ме збуни тоа. ☺️
Добро ама тие симптоми се многу општи и може од многу работи да се. Замор, поспаност тоа е преопшт симптом, а може и да не е симптом туку само да си се заморила деновите повеќе. Сакам да кажам, не значи дека не си бремена, може ќе се случи бременост во меѓувреме, само дискусијава почна од дента кога ти беше 8ми ден после однос, а тоа е премногу рано и не се осеќаат симптоми тогаш. Почекај си 14 дена после однос, или да ти касни најмалку ден, и направи си тест, чисто за да не се разочаруваш предвреме, а уствари да си бремена. Среќно
Три дена ми касни, правев тест денеска и беше негативен. До сега секојпат сум имала редовна менструација. Прекинав со доење пред неколку дена, дали е можно поради тоа да ми касни?? Инаку имав однос баш во плодни денови со надеж за бременост.
Би требало да покаже после 3 дена доцнење, ама почекај некој ден, направи пак. Ако не оди на гинеколог, хормони помешани, се е можно.