Честитки мило ми е. Сега имам едно прашање за разлика од тебе јас би била среќна, доколу е спротивното. Вака незаштитен однос на 29.12, а менструација си добив редовно на 19.01, или е можно да дојде тај период бидејќи е уште рано да прекине?
Не може да е рано да прекине. Ако си бремена, не се добива менструација ниту еднаш. Не прекинува постепено.
Мислев на тоа дека, после 21 ден е од односот да не е краток периодот, можеби уште јајце клетките се оплодуваат, извини вака ама не се разбирам воопшто во тие процеси. Инаку фала на одговорот.
Ако добиваш менструација, гарантирам дека не си бремена. Многу тврдат дека се добива менструација и во бременост што е апсолутно неточно.
Незнам стварно што да мислам, можеби згрешив што тестот не го направив со првата урина. За некој ден ќе направам пак.
Доцни еден ден. Градиве ми се црвени подуени а чат пат и болки во кичма и во лев јајник како да ме боде некој. Да се пријавам само.
Јас ја открив по 4,5 недели ми доцнеше ама и почнав да се дебелеат да ми се гади неможев да јадам многу ми се јадеше направив тест од аптека два пати двата излегоа негативни и кога појдов на гинеколог ми кажа дека сум бремена 4,5 недели ми даде Витамин Ц Витамин Е и Б6 Цинк Магнезиум и чепчиња Дулколакс(ама јас користам такви и за запек мм ми става ) е сега уште 9 дена сум за породување во Ре-Медика Скопје некни бев ми рекоја дома да си ставам чепче или клима но неможам сама да си ставам дали можи друг да му ја стави (како на пример маж ми Леонардо) или да одам до брза помош.
Ne se slozuvam so tebe ,mojata baba i vo dve bremenosti do 6mesec imala menstr i od sto bila slaba cel zivot 55kg ne ni znaela deka e bremena do 6mesec.Toa e cvetna bremenost se pojavuva kaj mnogu zeni ....
Нема такво нешто ко цветна бременост и не се појавува кај никого. Има крварење, кои многу мислат дека е менструација ама не обрнуваат внимание дека тие крварења не се ниту редовни по датум како што е менструацијата, туку се појавуваат неодредено, без никаква шема, ниту следат некој тек како што има менструацијата на поголем млаз, па постепено да се намалува, особено па кога ќе го внесеш и фактот дека старите не знаеле баш на колку време треба да дојде циклус, па секое крварење за нив било менструација. Ова што го тврдиш е само добро распространет мит, ама неточен. Размисли и сама, ако баба ти имала менструација до 6ти месец, можела да забремени пак, па едното бебе во стомакот да и биде 6 месечно, другото да и биде две три недели. Си слушнала за такво нешто? Нема менструација во бременост, ниту еднаш.
Ама баба ти Тогаш биле други времињата, здрава исхрана, се биле јаки, јака генетика. Сега ние сме нежни, се е хемија скоро ништо нема природно се е вештачко. Денешно време за жал секоја трета жена е со инвитро. Можеби не ми е коментарот за тука, ама тоа е денешната реалност, за жал....
Дечки сеуште не напраив тест а 3 дена веќе ми доцни. Дали да чекам? Од симптоми: една бубуличка на лице, брадавици болни на допир гради отечени, и болки во кичма и стомак, односно болка под стомакот која се јавува неколку пати во денот. Поспаност, замор не виден. Исцедок бел, и потреба за мокрење плус. Искуства? Мислења? Инаку вака ми доцнеше и пред некој месец дури 5 дена доцнеше па баш дента кога земав тест добив. Инаку последна менстр.ми беше на 4јан.а траеше до 7ми. Никаква терапија немам примано никакви лекарства.
Да си направиш тест ти доцни секако не си се измачувај ... Симптомите за бременост и добивање се исти... поспаност јас имав и кога ми идеше и кога останав бремена за градите јас само во бременост имам болни имаче за менст не ме болат само еден месец ме болеа ептен малце за исцедокот се јавува и во бременост Направи си тест ајде 2 црти да си видиш со лесно
Ох бе мило. Си седам и си чекам да не ми се деси пак негативен тест и се измачувам. Веќе скоро година со обиди.. и никако
Знам миличка те разбирам ама верувај подобро е да си направиш тест да не се измачуваш доволно ти е ... ти посакувам силни 2 црти а и да нема без разочарување да си појдиш на доктор да си испиташ се за тебе и за сопругот-ако немате и не се оптеретувај- знам дека е невозможно ама верувај најмалце кога очекуваш тогаш бебе ќе дојди