Кога ќе добиеш менструација тоа е нешто како ресет копче. Не се важи односот пред тоа. Стварно, не си трудна, нема потреба од паника. Сексот треба да биде нешто во кое ќе уживаш, а не причина за паника секој месец. Ова само укажува дека можеби не си спремна и дека треба добро да се информираш како настанува бременост.
Девојки, последниот циклус ми беше на 4ти овој месец. Со дечкото бевме одвоени после циклусот и имавме незаштитен однос само вчера. Денес имав при мокрење и бришење парченца крв и малку црвена крв. Неколку пати истото во текот на денов. Чудно ми е што имплантациско не настанува следниот ден сигурно, а и за циклус ми е прерано (треба да добијам за 10тина дена). Инаку циклусот ми е точен. Веднаш закажав гинеколог, но дури за 3 дена имам термин. Паметот ми е само тука, доколку некоја доживеала нешто вакво или слично, ве замолувам споделете искуство со мене, што може да биде... Благодарам
Девојки... направена хистероскопија пред еден месец, менструација после операцијата немам добиено. Однос без заштита после две ипол недели. Моментално ми доцни 5 дена а добивам од 32-34 дена, болки и жештина во градите, болки во половина и јајници, несоница, главоболка, немам апетит, никогаш ова не ми се десило... има шанси за бременост некако немам храброст за тест...
https://instagram.com/bremenost_pregnancy_graviditas?igshid=18ihhn4908w0d Сакам да споделам интересен профил во врска со темата тука, најдов интересни работи за се околу бременоста сњ гледа дека е нов, ако ви е интересен и мислите дека ви е корисен може да си го заследите.
zdravo devojki treba da NE dobijam za 8 dena, eve veke pocnuva da me boli dolniot del od stomakot i gradite mi se dosta osetlivi, drugi simptomi i nemam, imavme odnosi vo plodni denovi bas koga folikulot veke bese puknat, znam bidejki bev na ginekolog i taka mi kaza. Sto mislite vie dali ke ima nesto
Здраво девојки Имам позитивен тест за бременост, но веќе 4ти ден доле имам болки како за менструација. Ве молам да сподели некоја со слично искуство бидејќи многу сум уплашена бидејќи лани имав абортус. И сега понеделник за на доктор додека дојде ќе цркнам од грижи.
Јас имав цело прво тромесечие такви болки. Сепак не треба да се неподносливи. Се внегздува сега се "пореметува" организмот. Не мисли лошо ќе биде супер немој да мислиш,лани за лани сега е друго.
@apple12 Дали болките ти се постојани, целодневни да кажам ..исто како кога имаш добиено или повремено чувствуваш болка (пр.неколку минутки и ги снемува)? Јас баш цел ден ги чувствувам со речиси ист интензитет. Како да имам добиено.
Здраво девојки прв ден на менструација 02.02 овулацијата ми беше околу 16/17 фебруари Вчера правев тест негативен Менструацијата ми касни два дена температура 36.7 37.1 варира во текот на денот,градите ме болат веке цела недела стомакот ми е подуен исто така и болки како за менструација на денот кога требаше да ми дојде но веке два дена имам блага болка но не постојана Некој со вакво искуство
И И јас бев иста веке ми касни два дена Болката во стомак ја имам но веке е поблага за разлика од предходните денови Градите ме болат се повеке и повеке температура ми варира од 36.7 до 37.1
@apple12 Денес немам болки, некако се расположив инаку бев загрижена бидејќи 4 дена по ред исто ко тебе целодневно чувствував болка. Инаку мислам дека нема да сака гинекологот да ме прегледа оваа недела дека денес влегов 4та недела и мислам дека е рано. Ти дали беше?
Прерано е, многу жени во оваа недела не ни знаат дека се бремени и си очекуваат менструација. Поточно и телото се спрема за менструација додека регистрира дека е настаната бременост, па да изостане менструацијата. Нормални се болките се додека не се силни, ќе ги имаш веројатно и другите симптоми за добивање. Во овој момент гинекологот не може никако да ти помогне.
Јас точно во 4 та недела отидов на доктор, иии џабе Утре сум 4+5 па ќе видиме дали ќе се покаже, или пак нема да има ништо, ми рече докторот ако нема ништо ќе провериме бета... Се надевам утре ќе види барем сенка некоја, за да знам дека е на вистинско место вгнездено... Знам дека за џабе ќе ти викам не мисли, кога и јас сум иста.. Дури и вчера пак правев тест, за да видам дали има убави цртки... И уште да имаш болки, не е страшно, сеуште имам менструални болки, ама не постојано...