1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од macence, 19 ноември 2009.

  1. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    Неможам ЛП да ти пишам па да те прашам што направи?
    Јас петок закажав, ми се чини цела вечност до тогаш... :D
     
    На viva.la.vida му/ѝ се допаѓа ова.
  2. viva.la.vida

    viva.la.vida Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    beta HCG ми е 3310, крвта ми е ОК, можно е само да имам некоја бактерија во урина, утре ќе имам резултати од уринокултура. Мене за утре ми закажа во 10h, се уште немам матичен во Скопје, па ќе одам приватно, ама морам да изберам матичен, сепак ќе ми треба за брисеви и сл. Како се чуствуваш ти? Јас немам никакви симптоми освен мозе малце глвоболка и замор.
     
    На tina2018, Speechless, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    10.949
    Пол:
    Женски
    Не знам каде беше пологично да го поставам прашањево, ама тука нека биде.
    Го посакуваме и очекуваме секој симптом на новата состојба, ама симптомите ко за беља се слични за менструација и бременост. Сакам да прашам дали кај некоја кога добива мензис, неколку дена пред добивање ѝ студи во телото?

    И уште ова. Дали ве боли желудник пред добивање?
    Значи секогаш кога треба да добијам, 10тина дена штом ми се појават овие два симптома, знам дека ќе дојде. Или пак таков симптом со студење се појавува и во бременост. :smirk: Нели во бременост како топлотни напливи се доживуваат?
     
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Те приметив по некои мислења дека посакуваш /очекуваш две цртки again :inlove:
    И мене симптомите ми беа исти како за добивање освен што бев екстремно нервозна, имав топлотни напливи (ама август беше, па не обрнав внимание) и градите ми тежеа, не ме болеа како во пмс. Мене не ми студело ама сите сме различни. И ние не пазевме овој месец, па нестрпливо чекам да добијам или не :$ Не се брзаме ама веќе кога се деси сакам побрзо да дознаам :)
     
    На babybubu, IRBBB и elenaklasik им се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    10.949
    Пол:
    Женски
    Да, да си ја пробаме среќата, дека дур се фати дали! како прво, па бременоста како што ееех колку му ја мислам...
    А бе порано пред да добијам, градиве ме болеа баш како тешки, знам исто тој симптом ми беше поизразен. Во бременоста исто имав слична болка.
    Ама сега откако се породив, дали дека дојам, ништо значи ништо во градиве не осеќам. Баш ми е чудно така што не ме болат. А претходно и на допир ме болеа.
    Да ти испадне како што сакаш, ама и да има второ бебе, баш убаво, нели? :inlove:
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Абе потајно си сакам ама во исто време и се плашам дека малиот нема ни година (10ипол е). Од друга страна, си викам што ќе чекам таман 9 месеци додека поминат ќе почне да разбира. За градите исто и мене не ме болат во пмс откако се породив, поточно сите симптоми ми ги снема, само благи болки во јајниците имам 2-3 дена пред да добијам. Сега ми е уште рано имам уште 8 дена до добивање. Ти кога треба да не добиеш?
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    10.949
    Пол:
    Женски
    Знаам, со истите двоумења сум и јас. Стварно баш магично ги снема симптомите, затоа сега ми е чудно пред добивање, односно си ги сакам назад :fubar: како сигнал ми беа дека доаѓа. Исто и мене слаби пецкања во јајници и тоа е тоа. А сега некако порано ми почнаа симптомиве овој месец, како нелагодност во стомак и апетит имам, ама тоа дека не спијам многу навечер, малиот почна пак да си станува, и мислам дека недостаток на сон надокнадувам со храна.
    За недобивање исто како тебе, за 8 9 дена :rofl:
    Ај здравје, кога биде тогаш. Ама само ми се вртка низ глава, па ни вака нејќам да се опседнувам, што човек ќе бев!
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе биде кога ќе треба, може и месецов :lol: Јас ништо не осеќам сеуште, единствена причина зашто се сомневам е дека го погодивме баш денот на овулација :wasntme: Ајде, ќе се состанеме пак овде за една недела :D
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.504
    Допаѓања:
    7.377
    Пол:
    Женски
    Да ви се надоврзам на муабетот, околу симптоми, јас со првата бременост имав буквално исти симптоми како пред добивање, прв сигнал беше што ми закасни. Така да немаат логика работиве. Гради исто ме болеа, сега веќе трет месец не дојам, не ме болат уште пред добивање. Иначе ние еднаш беља направивме, ама не се фати, не ни сакавме :lol:. На вас алал да ви е и се надевам побрзо ќе ви се оствари желбата :D
     
    На elenaklasik и Jana06 им се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.141
    Допаѓања:
    50.510
    Пол:
    Женски
    Менструални болки сум немала никогаш, а сега осеќам дека ме болат јајниците, грчеви осеќам таму долу и често ми се оди во вц,грбот привремено ме боли.
    Од кога ми заврши последниот циклус на 3ти март од тогаш сме во акција освен 3-4 дена ако не сме имале односи. Не треба да ми дојде во петок, рано ли е сеуште да се фати или?
    Ќе издржам некако да не правам тест се додека неколку дена не ми касни.
    Се мислам, се опседнав веќе. (facepalm)
     
    На Kejt362 и Jana06 им се допаѓа ова.
  11. viva.la.vida

    viva.la.vida Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Јас првиот тест го направив 2 ден пред датумот што требаше да добијам и ми испадна бледа линија, потоа следните два ги направив после 2 и 4 ден, последниот тест само што му дојде урина одма се обои. Може да направиш, само со првата утринска урина бидејќи е уште рано, а потоа можеш и во било кој период, ќе ти покаже. Во Зегин го зедов првиот тест fruhtest и мислам дека е добар за рано откривање. Среќно! (fingers)
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.043
    Допаѓања:
    15.629
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене пак
    Последна мен. на 11 ти месецов.Од 19 ти до денес незаштитени односи.Денес како тапа болка во јајниците. Знам дека е прерано за тест и слично, дури и тест правев вчера што е прерано, али толку сакам 2 цртки што мислам цело време би правела
    На сите Господ да ни даде среќичка во раце и да се дружиме во други теми ☺️
     
    На Hristinakiki02, Cherry blossom89, Sandra Stojanova и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Јас последна м. на 10 ти, користев овулациони тестови околу 11ти ден ми покажа позитивно. Бевме активни и и јас како тебе очекувам 2 црти, веќе 3 месец пробуваме и овај пат ако не биде залажувам за први испитувања. До тогаш решив да не мислам, ниту да се надевам. Имам некое чувство дека јас во животов ништо лесно не добивам, ама ај да не баксузирам. Од прилика исто време треба да чекаме резултат, па кој знае <3 симптоми немам и мислам рано е. Посакувам среќа и за двете.
     
  14. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.043
    Допаѓања:
    15.629
    Пол:
    Женски
    Дај Боже на сите да ни даде среќа. И јас сум паника целата и си давам време од некој месец и да идам на испитувања. Некако од блиски што се бореле за дете и од мајка ми за мене што се мачела 5 години ми е таква паника незнаеш. Ама ајде позитивно и да не мислиме дека би дошло до тоа.
    Среќа на сите ❤️
     
    На Honny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MACKICA1902

    MACKICA1902 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Женски
    Според податоците што ги напиша, тапата болка во јајниците е знак за овулација.Јас така знам дека овулирам. Работете на случајот:D и ти посакувам две цртки овој месец
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanja90

    Tanja90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, минатиот четврток по позитивниот тест(со бледа розева линија)бев на преглед,но не се гледаше ништо,па д-р ми закажа за денес.Бев прегеска на преглед и ми потврди дека бремена сум 5н 2д.Веќе ја видовме убаво таа црна точка која била 9mm нормално според неделите.Сега нареден преглед за 2 недели.Но, ќе ве прашам дали имате проблем со често мокрење и како да ве стега нешто во долниот предел на стомакот,(не мислам на болки некое чудно чувство како да ме напнува нешѕо).Д-р ми кажа било нормално во овој периот,но за секој случај ми даде едни апчиња на природна база да ги пијам 5 дена и увин чај по 1 чаша дневно.
    Поздрав!
     
    На tina2018, Cherry blossom89, viva.la.vida и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.043
    Допаѓања:
    15.629
    Пол:
    Женски
    Ама па не е рано за овулација? Според календарот за 7 дена ми почнува овулација и тогаш поинаку осеќам во јајници. Како и да е само да се фати
     
  18. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Чекај на 11 ти е последна м. значи денес ти е 14 ти ден од циклус и велиш ти е овулација за 7 дена? Тоа некако касно освен ако не ти трае циклусот 30 + денови
     
  19. еурокрем

    еурокрем Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Здраво, бремена сум 5 г.н а сега се мерам тт 37.4 . Дали е нормално?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    5.011
    Да
     
    На еурокрем му/ѝ се допаѓа ова.