Ве читам сите и мислам дека сите го имаме тоа чувство на неизвесност. Јас би требало да добијам или не во сабота, претходноте 2-3 дена имав благо пецкање во долниот дел на стомакот, денеска од време на време грчеви но и СТРАШНА болка во грбот, не половината туку средишниот дел на грбот. Искрено не гледам некаква поврзаност со бременост, но сепак дали можеби на некоја од вас и се случило вакво нешто? Инаку градите пред добивање обично ме болат, а сега нит отечени нит болат
Пред терминот кога требаше да добијам и двата пати исти беа симптомите-отечени и болни гради, повремени грчеви во матката. После тоа беа различни првите тромесечја. Првата бременост само многу ми се спиеше, а втората имав и гадење и повраќање.
Да и симптомите пред тоа. Првата и втората бременост немав никакви симптоми пред позитивен тест, со тоа што во втората почна гадење и повраќање одма по позитивен тест, третата имав несоница и многу болни гради и пред тестот, четвртата гадење и малаксаност исто уште пред тестот, итн. Значи, апсолутно различно, ама пак вакви симптоми имам и кога не сум бремена, па освен тест на симптомите не верувам. Викаат дека секој нов симптом што е поразличен од вообичаените, може да значи бременост. Имаш ли некои нови симптоми невообичаени за тебе, знаеш ли колку време има поминато од овулацијата?
Па ова ми беше битно, исто ти било пред позитивен.... Ја првиот пат имав силни симптоми пред позитивен, пецкање, грчеви, вртење итн... и сега ме интересира дали да ги очекувам истиве симптоми пред позитивниот, а мислам дека би биле исти па после како ке тече бременоста различни ќе бидат симптомите.... Дали телово би ми реагирало исто на забременување пред позитивната линија да стане жешко црвена? тоа се прашувам
Со првата бременост никакви ама баш никакви симптоми дека сум бремена.9Месеци поминаа со песна ни гадење ни повраќање ама баш ништо,сега со 2рава бременост од гадење повраќање низок ,висок притисок мигренозни напади значи од крајност до крајност. Така да секоја бременост е различна.
Kaj mene na trite so losejne i povrakajne. sekoe utro povrajkav taka mi bese do 4 meseci, se sto ke jadev mi bese odvratno.
Долен дел на стомакот се до папокот, како да ќе добијам и некое кркорење во долниот дел. И под половината ме боли и се шири накај колковите на моменти. Немав вакви симптоми со првото дете, само еднаш ме пресече десниот јајник мислам дека имплантација тогаш ми била и само повратив и толку, а сега оваа болка тапа.
А може да те прашам за полот на бебето во првата и втората бременост? Си правам некоја своја статистика дали се должат на полот некои симптоми.
Немаат врска симтомите со полот. Јас повраќав премногу-женско, другарка исто - машко Две другарки ич машко едната другата женско. Мене сите ми викаа ааа машко носиш, ама грешеа. Ауу ќе има коса чим повраќаш, ич коса немаше. Нема правило и знак за ништо баш. Само мајка ми погоди, женско уште од почеток, пошо сум се праела важна хахаха
Демек со женско повеќе хормони се создавале и затоа се повраќало. Ама изгледа од народијава сѐ е излезено, бидејќи сакаме да си лафиме многу, па дури и за тоа мора да се дискутира и да се даваат проценки "од око" шо би се рекло. Еве една моја другарка, прееска се слушнав, носи машко и вика до 4ти месец претешко ѝ било, секој ден повраќала. Јас родив машко, ич не повратив, ама ич. Минимално осетив гадење, ама повеќе од возбуда дали е сѐ во ред, имав уплав на скрининзи кога одев, ама после се смирив. Така што, во право си, ја прекинувам статистикава
Жени, мајки, кралици... Дали го гледате истото што и јас? Ептееееен бледа црта? Инаку цело време спијам, на 29ти имав розев исцедок и повеќе не, вчера за прв пат пријавив желба за ќебапи и на моменти имав лошење од мириси? Ми касни веќе 2 дена.. После 2 ипол години, постои ли можност да се радувам? ♥️