Нормално е снемување здив, благодарејќи на зголемениот прогестерон и градите ќе болат уште дооолго време, а за апетитот супер што го имаш уживај и јади си
Јас женско родив и само еднаш повратив, а лошењето од миризби ми траеше 10на дена, околу 6-7 недела и толку беше. А сите велеа машко дека ќе родам заради што немав многу мачнини. Така да, дефинитивно нема врска,
Мене ми викаа ако не повраќаш, тогаш е женско. На кој како му одговара изгледа така си кажува. Ама нема врска, бабини деветини.
За ќерките ко да не бев бремена,ни повраќање,лошење ништо,сега за третото одбивност на одредена храна друго ништо(машко носам) така да нема врска
Мене ми викаа и дека близнаци носам, многу сум била голема, а ја сирота едвај 6 кг поправена, се ме собираше од старата гардероба до крај. Во 9 месец си ги носев фустаните што ми беа уз тело. Среќа растегливи хахаха. Многу ме нервираат тие коментари од страна. Еве ок, добро и да било машко а не женско, што ќе им смени нив? Или да биле стварно две?
Jas od pocetok do kraj povakjav, bukvalno. Pred poroduvanje povrativ, se porodiv povrativ i tolku togas mi olesna, a rodiv devojce. Se si e do organizmot, etrva mi isto devojce nikakov simptom na bremenost nemase, nitu macnini, nitu odbivnost nistoo.
Девојки денес треба да не добијам имам болки и грчеви во долниот дел на стомакот немам никакви други симптоми дали е можно да сум бремена ќе почекам да не добијам денес а утре ќе правам тест за сигурно.
Одкога почнавме пред 5 месеци со сопругот да се обидуваме за бебе , после однос (ден-два) ме боли десниот јајник. Значи си бев на гинеколог на преглед и освен што имам 2 миома на матката друго се е во ред. Да напоменам дека кога имам однос без завршување внатре се си е ОК. Дали некој имал вакво искуство или знае од што може така да се случува?
Zdravo nova sum vo forum So deckomi imavme sex na 18 i 19.06 bez zastita i vika ne svrsi vo mene i jas za toj period dobiv tocno kako so mi sleduva na 25 I sega za juli trebase da mi dojdi na 23 i mi kasni 7 dena Nemavme sex za 7 mesec Dali e mozno da sum bremena A simtomini imam samo mozolki mi ima izlezeno za pred dobinavnje I plua primiv vakcina na09.07 i na 30.07 za kovid
Здраво Можеби ми е рано за симптоми на бременост но сум подзаборавила малку имам веќе две големки дечиња Но сепак последна менструација ми е на 11.07. но веќе од 28.07имам болки во гради, болки во долниот дел на матката ко некое влечење или тегнење, метален вкус во уста, умор, поспаност, нервоза, страшни болки на долниот дел од кичмата, баш тука кај крстот... А треба да добијам за 8 дена.... Дали имала некоја од вас вакви симптоми на бременост или пак се јаки менструални болки? Ви благодарам
Тоа се што наброја се симптоми на рана бременост, сепак за сигурност направи си тест доколку не добиеш за 8 дена
Да едитирам дел од симптомите ги снема, остана само болката во градите, поспаност и болка на јајници ко за добивање. Имам уште 4 дена но сепак мислам дека сето ова се само јаки менструални болки. Иако до сега вака не ми било никогаш, 10 дена пред циклус да имам болки. Каков и да е исходот ќе ве известам
vaka mi kasni eve 5dena, nemam nikakov simptom samo sum malku pospana i umorna, nemam napraveno uste test da ne e rano, inace sekogas pred da mi dojde mensiz me boli stomak i sum ko poduena a sega nemam nishto.... mislenje molam..... imav eden sponta i dve neuspesni inseminacii i sega nekako mi e strav da pravam test da ne ispadne pak neg
Здраво членки! Денес требаше да добијам но еве не добив. Кога е најдобро да направат тест за бременост? Инаку се чувствувам мн гладна, повремено имам болки во долниот дел од стомакот, но не како за добивање...