Девојки џабе напаѓате, кај некои жени како што им доаѓа за време на бременост, така може и овулација со менструација да се поклопи. Теоретски не е можно но во пракса се случува, мене ова ми е потврдено од докторка која по 5 години неуспешни обиди, останала бремена за време на менструација. Сега има синче.
Редовна. Секој може да тврди што сака, како и ти така и јас. Слободно читни како настанува менструација па ќе дискутираме. Биологија сите учевме
9+6 сум веќе два дена од како ќе станам имам главоболки . Дали ви се случувало истото? И градите малку ми спланаа па сега сумсамо со лоши мисли
Ushte edno mislenje koe ne drzi voda, pa zatoa pravi smisla da ja poddrzuvash chlenkata... oti vrska nemate... Edno e krvarenje za vreme na bremenost, koe moze da bide predizvikano od samoto implatoranje na beneto vo matkata, hematom, bliznachka bremenost dokolku se izgubi ednoto bebe i mnogu drugi prichini.... no menstroacija za vreme na bremenost ne postoi. I nema shansi da postoi, ovie se osnovni raboti, koi i na google mozite da gi prebarate.... i da ne sramite vaka po forumi, srekja sho e anonimen forumot.
Добро, како не ти срам да обвинуваш некого? Кажи ми ти мислиш дека менструацијата и овулацијата сами доаѓаат кога тебе ќе ти текне? Можеш ли да и кажеш на менструацијата “Утре не доаѓај ќе идам на одмор”,можеш ли да и наредиш на овулацијата да настане кога ти сакаш? Ништо од ова не можеш, за теорија можеме многу да разглабаме ама во практика секое тело е различно. Тоа всади си го во главата,ако ти си родила најнормално и имаш нормални циклуси не значи дека секој така има. Имам доволно свест и памет што пишувам и нема да дозволам некоја што прочитала на гугл да ме убедува дека што го гледам на ѓаките е лага,дека халуцинирам. Прибери се,доста се брукаш. И пишувај кирилица,почитувај го форумот и не шири муабети дека сум сакала бремена да останам,срамота е.
more da ne izleze pozitiven samo tetstot od koronata, od toa se plasam povekje deneska poloso sum cela zatnata koskite me bolat omalaksana ne znam vekje sto da mislam
Во тој случај прави тест и мисли позитивно. Што и да е битно е да време да откриеш и да го лечеш. Не грижи се познавам многу жени што останале бремени во корона и немаат никакви последици, плодот е заштитен. Опушти се и не мисли ногу. Ако мислеш дека е симптом на корона тестирај се и кажи на матичен дека се обидуваш за бременост, да ти даде само витамини ако си позитивна недај боже. Па кога ќе (не)добиеш ќе ти ја смени терапијата. Само опуштено ќе биде се во ред А за @buba4e89 нема што повеќе да се дискутира и да се оди оф топик, може вечно да се објаснуваме. Само и посакувам да си го среди циклусот, доколку сака се разбира. Ние другите ќе си се чудиме на вакви “знаења” од биологија и тоа е
Секогаш имам низок притисок и пред да останам бремена , го мерен два пати 101/80 па 100/66 .. може и од времето да ми е пошто имам правено операција на глава. Фала сепак
http://www.femina.mk/здравје/интимно/менструалниот-циклус-и-овулацијата Еве, не одиме подалеку од Фемина, чиста биологија. ПС. Во подоцнежни години, можно е (наместо еден месец јајцеклетка да излегува од лев јајник, следниот од десен јајник) да излезат две јајце клетки од двата јајника. Не многу честа појава што, доколку се оплодат тој месец кога телото се било дарежливос, да резултира со двојајчани/ неидентични близнаци зачнати по природен пат. ПС. Темава е Симптоми на бременост, у случај некој да сака да се пофали со нешто
Ама не ми држи предавања бре. Проучи си го телото сопственото каде реагира,јас си знам најдобро. Од каде бре ваква смелост да ми кажувате дека менструацијата не ми е ок? Ви се чудам на паметот…повеќе не коментирам, гледајте си ваша работа и не ширете муабети за моја бременост,срамно е.
Вака, ова се јавува кај жени со нередовна менструација, кај тие што добиваат 2 3 пати месечно или еднаш у 2 3 месеца. Нормално е кај некои жени да се јави крварење за време на овулација и да асоцира на менструација, а подоцна да добиеш нормална менструација. Исто како што спомна дека некои жени добиваат додека се бремени, познато е како скриена бременост, и не секогаш има добар или лош крај, така и крварење за време на овулација може да се јави, но тоа не е менструација. Можеби треба да одиш на уште некое гинеколошко мислење, баш заради причина да утврдиш за какво крварење станува збор. Секој си го познава својот организам, но не секој е добро запознаен со медицината и неможе од око и со интуиција да каже што му се случува на својот организам.
Така е и братучедка ми има останато бремена за време на меструација, но имала рана овулација, односно знаеш ли дека сперматозоидите можат да преживеат во организмот 5 дена? Доколку имала овулација многу брзо после менструација секако можно е да остане бремена.
Крварење за време на овулација не сум имала. Скоро секогаш добивам на време, ден два плус минус не ги рачунам затоа што е важно да добиваш секој месец. Ниту имплантациско не сум имала,немам родено и немам намера да раѓам у скоро време. Муабетот ми беше дека мене ми се поклопуваат некои работи,еве и сега имам исцедоци,а ќе добивам за една недела. Се дур не е некоја инфекција,некоја промена, си го познавам телото и можам да приметам промени(надворешни). Не сметам дека е алармно нешто за да трчам по клиники, важно ми е дека имам менструација секој месец. Исто така,јас не побарав совети за бременост туку се надоврзав на членката . Секој може да си верува во што сака, негово право.
Devojki jas prv pat vo zivotot se molam da ne sum bremena, izlegov pozitivna so kovid itno mi stavija injekcija intravenozno vo brza pomos urbazon analgin i vit c zasto kaciv temp 39.8 i ne mozev da disem.mi napravija i rengen ns pluca isto taka primam pancef i mnogu drugi lekarstva. Molim boga da ne sum bremena zasto go unistiv uste od pocetokot.
Леле удав. Абе кој ви рече дека имам крварење за време на овулација. Вие се слушате ли? Леле не ми се веруваа,јас имав гарант ти имаш. Што не ви е јасно? Јас од ко знам за себе имам по два пати месечно менструација во размер од шест месеци,со години и тоа е нормално. Секој доктор ми го има тоа кажано, плус вие како искуство треба да знаете дека менструацијата знае да се поклопи со датите во еден месец кога прави отстапка дали ќе добивате на крај на месец или на почеток. И тоа е сосема во ред. Не изигравајте квази доктори,мојата матка е тотално здрава. Нареден пат читајте што пишувам, убаво. Сфатете како што е напишано,а не како ви одговара. Совет не побарав, грижете се за себе. Тоа што имам овулација понекогаш со менструација поклопено не значи дека јас отпосле сум добила пак менструација. Никаде не го напишав тоа!!! И не бидете досадни,немам ја друга работа ќе чекам некоја феминка да ми каже што е проблемот. *смајлиштосекрсти