Како што гледам погоре сите те разбраа баш како што те разбрав и јас но нејсе да не ја труеме темава со непотребни реплики...ти посакувам секое добро и повеќе позитива. Поздрав
Бубаче, некои од нас тука се 40тина години. Имаме знаење, искуство и желба да поучуваме (на некои од нас ете им е и професија) помлади и понеискусни кои греота е да ги оставаме да згрешат или да патат обидувајќи се нешто што сме увиделе дека е/не функционално. Тука најдов совети за доктори, процедури, производи кои нема каде на друго место да се најдат. Твојот тон алудира дека си млада, контрадикторна и на почеток сакаше да наметнеш тврдења кои некој може навистина да ги земе за нормално, а не се ни возможни. На некој 20годишник може и да му се видат логични твоите тврдења, иако е биолошки невозможно. За среќа, исклучоците како што е твојот циклус (циклус е различно од мензис) се ретки, а уште поретко е таквата реткост нормална. Не велам дека твојот случај е ненормален. И внимателно следам кој што ти одговара и никој не алудираше дека си бремена,иако навистина не знам ако не планираш бременост зошто воопшто следиш тема со наслов Симптоми на бременост. Со најискрени желби да поработиш на темпераментот и начинот на кој им одговараш на другите, поздрав
Јас имам 32 години и имам пројдено свашта. Така да,не дозволувам никој да ми соли памет. Никој нема да ми кажува за моето тело и на што ја да поработам,ниту пак некој да ме прави глуп. Така да, кога вперуваш прст кон мене погрижи се за себе прво, погледни се себе. Немаш право да судиш и да кажуваш што јас да следам,а што не. Исто така ова е форум на кој секој си пишува искуство,ако тебе не ти се дешава не значи дека нема на некој друг. Освен тоа не си ти стручна да даваш дијагнози. Јас водам грижа за себе повеќе од што ти водиш за самата себе. Јас добро знам што пишувам, не сум неедуцирана ниту неинформирана и никој нема да се осудува да ми наметнува ставови. Исто така,совет никаде не побарав престанете да ми реплицирате,досадни сте. Поздрав
Со лесно нека мине. Не паничи за бременост, викаат дека дури не се знае дали има бременост не може ни да му се наштети. А може и не си баш месецов. Оправи се и здравје другиот месец со нови сили. Само позитивни мисли нека те окружуват
Здраво девојки, последен пат добив на23 јули. Денеска ми доцни 5 дена, имам болки во долниот дел на стомакот, малку настината и поткашлувам правев тест испадна негативен можно е да сум бремена?? . Правев отстранување на септум на матката и снимање на канали во Март. Но бебе сеуште нема...
И јас сум во иста ситуација со тебе,и јас правев хистероскопија во Април и мене ми доци и ми е негативен тестот,после 5 дена доцнење би требало да покаже,ако не ти дојде појди направи тест преку крв,јас знам дека не сум.
Дали некоја од вас имала болки во нозе како рани симптоми на бременост? Треба да (не) добијам за 7 дена.
Здраво,вака имам некој бел исцедок ќе се појави преку некој ден,два па потоа пак ќе го снема имав болки во долниот дел на стомакот но тоа траеше 1ден чувствував некои минимални болки во долниот дел на грбот,носот ми течеше некои 3-4 дена последно имав на 6ти веќе за некој ден треба да ми дојде дали тоа се некои знаци на бременост Фала