Кога прв пат ви се појавија симптоми на бременост? Јас имам симптоми, ама многу е рано да се каже било што.
6та недела.два пати кога бев бремена исто предходно не дека немаш туку се многу слични како за добивање, да не речам исти
Мене негде недела дена пред датум за добивање. Индивидуално е така да нема правила. Какви симптоми имаш?
Прво почна болка во градите, ама како топлина внатре, умор, поспаност и од вчера имам болки во стомакот како пред да пробие и болка во половината, а има уште 10тина дена до добивање, што е многу рано. Некако чудно ми е.
Најрано тест кога сте направиле? Знам дека генерално се прави откако доцни, јас со двете бремености правев на денот и двата си покажаа одма но дали има тест што би покажал 2,3 дена порано? Се мрднав, цел ден ми се залошува (повеќе од паника )
јас два пати кога бев бремена исто како тебе на денот кога требаше да добијам ми покажа две јаки црвени линиии што по мое си мислење најверојатно побледо ќе искочеле и порано ама никогаш не сум сакала да си правам стрес порано. тоа е мое лично искуство. инаку има тестови што покажуваат и пред очекуваниот датум за добивање, сепак тоа зависи од многу фактори.
Уф 10 дена е прерано за било какви симптоми. Ако не си имала потврдена овулација симптомите поверојатно е дека ти се од овулација, не од бременост.
Дали менстуални болки се симптом за бременост, од времe на време почувствувам долу ниско менструални болки инаку имам уште 4-5 дена до менструација
Да, тоа ми беше првиот симптом 7-8 дена пред да терминот за добивање. Благи менс болки кои 2-3 дена пред терминот скроз ги снема. Со среќа
Офф ајде се надевам ќе се израдувам конечно и јас, а баш такви болки се менстурални? не е ништо поразлично? ,извини вака што прашувам ама ме убива ова пред некој ден имав исцедок како водичка и тоа траеше можеби 3 дена, цело време како помочана бев. Сега менстрални болки и градите исто ме болат.
Имам и јас слаби менструални болки а 10 дена до добивање Стомакот ми е поддуен а рано ми е да добијам. Главоболки, вртоглавици...