Мислам дека е рано за да се каже дека е бременост, а и ако немаш други симптоми.... Најдобро е да почекаш уште некој ден, да видиш што ќе се случува понатаму.. (Не ти помогнав баш, ама не знам што друго би ти кажала, освен да чекаш и дека 5 дена е рано). Ти го пожелувам посакуваниот исход од цело ова!
Mene mi bese isto edna nedela pred da dobijam grcevi desniot jajnik pa kako bolki za dobivanje na Eden den kasnenje vekje imav pozitiven test
Мислам дека секој доктор има различен критериум за времето за обидување. Јас имам 25 години, сопругот 29. Мојот доктор ми кажа после 6 месеци обидување дека ќе правиме испитувања. Јас си дадов месец плус шанса и 7миот останав бремена.
Јас имав секогаш разлика од 2-3 дена во добивање. И плус добивав на 31 ден најчесто. Некогаш на 28 некогаш на 33 ден. Направив тест 35 дена од последна менструација - негативен. Направив и 40тиот ден и пак ми беше негативен. 48 дена од последна менструација ми покажа позитивен тест. Ако е кај тебе секогаш редовно, веројатно имаш мали шанси за подоцна овулација. Кај мене ми кажаа дека е настаната покасно
Во која недела се гледа дека има бременост, не зборам за срцева акција. На 28 август имав последен циклус, денес на ехо ништо не се виде, бета покажа бременост дека е горе долу ок не се работи за биохемиска бременост, докторката вели или нормална бременост е или вонматерична. Не сум имала искуство до сега со ова и не знам, зарем за вонматерична веднаш се знае без ништо на ехо да се види? Целата сум во прашалници, ништо не ми е јасно
5та недела би требало да се види сакус со жолчно ќесе, ама многу зависи кога се случила овулацијата и имплантацијата на самиот плод. Секаде е различно, кај мене се виде во 4 +5, неполна 5та недела ама знаев дека овулацијата ми настапи порано веројатно 3 или 4 дена после менс. Провери бета по два дена ако е во ред,треба да се дуплира по 48часа. Секако и преглед после една недела или 10 дена. Мислам дека со бета на 1000 или 1500 може да се види на ехо.
Не сум ептен сигурна ама знам дека беше околу 6та недела. И тогаш со ехото ми кажаа дека си е таман на место, дека не е вонматерично.
Кај мене последен циклус на 28 август, би требало некаде крај на 4 та недела почеток на 5 та, ништо не се гледаше на ехо, па смета или покасна овулација или вонматерична е. Бета ми е 2 187
Мене не ми кажа да почекам до 6 та недела, само рече до петок ако нема ништо на ехо било вонматерично и ќе ми даде терапија, не требало да се чека.
Кој е овој доктор па и 5000 ден ти наплатил за ехо и бета жити се. Сто аларми имаш за да не се вратиш пак во таа ординација. Оди си на друго место, Скопје ти е на 40 мин. Најди асален доктор и расчисти си ја дилемата. Со бета над 2000 би требало да се види на ехо ама секогаш и од сѐ има исклучоци.
Како бе така не требало да се чека? Да си бараш друго мислење, најискрен совет. Членка спомна дека Ск ти е на 40 мин, дојди на ГАК на крај краевите. Некако многу избрзано ми делува ова нејзиното
Со среќа, се надевам дека денес ќе ти кажат убави вести. Вонматерична бременост се знае одма: ако отсуствува импланација во матка а имало оплодување-значи дека оплодената јајце клетка негде запнала. Тоа се нарекува Вонматерична бременост, и може паталци да ти потврдат дека е животозагрозувачка сосотојба. Бременоста продолжува да се развива најчеато во јајце водите, кои не се место за развој на ембрион, многу брзо ако не се интервенира може да настане внатрешно крварење кое е опасно по животот на мајката. Искрено се надевам дека опремата не му е соодветна на докторот, или едностсвно не успеал да ја види бремноста и ти посакувам бебенце за 9 месеци.
Може направи го денесцако е негативен по 2дена пак јас правев на денот кога требаше да добијам и беше позитивен
направив но негативен е ке почекам уште малце се надевам на позитивен тест , а што мислиш преку крв да направам ке покаже