Dali mn slaba i kratka bolka vo jajnicite moze da bide simptom na rana bremenost? Me bolat i gradite no za edna nedela mi e termin za dobivanje pa toa mi e voobicaen simptom. Isto nekolku dena imam pokacena bazalna remperatura a citav deka i toa moze da bide simptom.
Базалната е цело време висока после овулацијата. Ќе падне ден пред да добиш или денот кога ќе добиеш. А ако има бременост ќе си остане висока.
јас имам уште 4 дена да добијаам немам таков симтом освен подуеност и болки не можам да легнам на стомак , исто така мн спијам без контрола ми се спие се немам вака осетено предходно , се надевам дека си бремена ти држам среќа
Може да биде симптом ама сеуште е рано, мене почна да ме боли стомакот како за добивање два дена пред датумот за добивање..
А да ве прашам, може ке звучам глупаво со воа, ама базална си мерите исто под пазув или? Мене ми е утре денот за недобивање, ама иам повремени тапи болки, така да...
Базална температура се мери исто како кога имаш било каква настинка. Најрелевантно е кога се мери под јазик, зошто температурата на кожата може да се менува зависно од метаболизмот. Затоа за базалната температура треба да имаш добар сон, се мери наутро, откако ќе станеш.
Не треба да стануваш од кревет и да се размрдуваш. Јас мерам под јазик, топломерот стои до спална, маж ми пред да оди на работа ме буди и ми го дава топломерот, јас само го ставам под јазик. Плус правам и тестови за овулација за да видам кога се наближува овулацијата, температурата покажува откако ќе помине.
јас сум не стрплива имам уште три дена до добивање но не сакам да добијаммм дали да правам пак тест или да чекам незнам дали би покажало или пак негатиен ке е
Почекај, толку време си чекала па за 3 дена. Знам дека сакаш да знаеш, ама со предвреме направен тест, само ќе се разочараш. Ти пуштам среќа
Pravev inseminacija na 24.09, mi rekoa ako ne dobijam do 15.10 da napravam test. Zavcera i denes vo tekot na denot imam macini, ne sabajle, tuku vo tekot na denot. Ne mi se slucuvalo porano. A imam i kako proboduvanje vo jajnicite, na momenti levo, na momenti desno. Nekoj so slucno iskustvo?
Девојки здраво! Сакам да ве прашам за ваше мислење. Ова се моите последни месечни невообичаени симптоми. Веќе еден месец чувствувам видлива зголеменост на градите, и болка при посилен допир. Подуеноста и поспаноста е присутна баш се смеев со другарка дека имам добиено болест на спиење затоа што спијам како никогаш досега. Болка во јајници да, но во грб и кичма не. Зголемена желба за храна, се здебелив дури 3 -4 кг за 2 недели. И ова морам да го напоменам дека претходниот месец ден пред овулацијата после мокрење забележав крв при бришење што не ми се случило никогаш претходно.. траеше само еден ден. Инаку со дечко ми имаме редовен сексуален однос. Дали е можно да сум бремена?