@stsmua05 Мислам дека не треба да се влегува во дебата со членката, прочитајте и ги и претходните постови
Може не е убаво ова што ќе го кажам, ама мене веќе стварно ми е жал. Летово кога постираше и викав иди бета испитај не лаже тоа и упорна е со тестовите. Што повеќе да кажам?
Сите членки од јуни се обидуваме да и помогнеме и да ја упатиме но залудно е. Банално е веќе со едни те исти работи.
Не знам дали е преоптеретеност со забременување или нешто друго, но сериозно треба да се опуштиш и олабавиш. Нема потреба од тестови на секои 10 дена.
Јас мислев за прва бременост се обидува, ама Она кажа дека веќе имала ќерка 7,8 год. Ама би требало да знае кога и како се прави тест за бременост. Не се обидувајте да докажувате, џабе е.
Здраво Феминки мои. Овулацијата според апликација ми била на 02.10. Бидејќи се обидуваме за бебе неколку месеци, незаштитени односи имавме пред и после овулација. Пред 2 дена на тоалет имав потемнето како кафеаво ама само еднаш. Еве денес цел ден ми се лоши, мака ми кај желудник, не знам дали сугестија или има шанси толку бргу ми реагира телото. Треба да добијам во недела, да почекам да пројде па во понеделник да купувам тест м? И кој тест би ми препорачале? Фала ви, стискајте ми палци.
Рано ти е. Јас би почекала, пред се да видиш дали ќе добиеш. Па после неколку дена направи тест во случај да не добиеш.
Не ти е рано за симптоми чим треба во недела да не добиеш. Земи си Self Clear најверодостоен е. Ти посакувам две цртки!
Не се потпирај на пресметките на апликацијата, освен ако не е Fertility friend и внесуваш базална температура. Ако овулацијата и фактички била на втори, веќе си 13 дпо, можеш и сега да правиш тест, било кој освен Sure Check, заради негативни искуства на некои членки со него. Или задржи мокрача 2-3 часа и направи денес или утре сабајле
Здраво феминки јас сум нова овде сакам одговор од веќе искусните тестот за бременост дали е позитивен бидејќи има многу слаба бледа линија.. Ви благодарам