Зависи колку време се обидувате. Супер испитувања имаш направено до сега. Нека направи и сопругот спермограм и спермокултура и за тебе останува уште проодност на канали, ама пак зависи од времето на обиди. Овулации се следат со вагинално ехо, зависи од должината на циклусот, обично се почнува од 11-12 ден. Според мене ако е добар спермограмот, можете да следите овулации и да се обидувате со темпирани односи. Ако и тогаш не бидува можеш да направиш проверка на каналите.
Три месеци, па фативме корона и чекавме да се вратиме во нормала пола година, па сега пак 2 неуспешни обида. Да напоменам дека сум 32 години и немам раѓано, па за тоа малку со време да си почнам со прегледи.
Не ти се многу годините, не се секирај. Како што ти посочив погоре. Сопругот спермограм, ако е добар и ако со следење на фоликули и темпирани односи пак немате успех, тогаш ти можеш хсг да направиш. Со среќа!
Zeni jas sum vo bunilo Dobiv, mi pagaa i parcinja kako sekogas ama mi traese samo 3 dena. Sekogas mi trae 5 dena. Nesto mi bese cudno i denes napraviv test, ama bas onaka, ne ocekuvav nisto, samo go napraviv. I ne znam dali haluciniram ama ima bleda vtora crta ili sonuvam? Dobiv na 13ti, mi traese zaklucno so 15ti. Inace testot go pravev sega, ne e so prva urina.
Каде би не упатила за спермограм/спермокултура и за колку време биднуваат тие резултати? Фала многу, посакувам 2 цртки на сите што се обидуваат! ❤️
Збудалени сме веќе не знаеме што правиме Јас сабајле масакрирав еден тест, барав да ми покаже втора црта
Е уште ова го немав видено Се за втора црта Незнам колку време сте во обиди, јас сум само прв месец, ама ова е дефинитивно нешто што би направила ако не видам 2 црти што побрзо!!
Сопругот денес правеше спермограм и спермокултура во Систина. Спермограмот е готов за 3-4 часа, а спермокултурата ќе биде готова за 2-3 дена.
Овој месец со следење овулација и денес сум 9 дпо. Инаку последниве 2-3 месеци активно ама веќе ми врие
Тука некаден сме, денес сум 8дпо Издржувам да не направам тест до сабота, 2 дена пред мензисот, и си се опремив со Фрух тестот, едвај чекам да си ги споделиме резултатите
Јас како што виде почнав со тестови Имам уште еден Фрух, сабајле ќе го правам, така ми е полесно некако. Ти посакувам и тебе тоа што го сакам за себе ||
Не ти одговорив јас ама тоа не е ни важно. Мене ме колнеше минатиот пат па ти го избришаа коментарот. Никој овде не ти мисли лошо. Симни некоја апликација, следи си менструација. Ти жено не знаеш ни кога си добила, ни кога треба да добиеш, ни кога си во овулација. Само тестови правиш како луда. Дај собери се малку за да успееш побрзо во твојата намера.
Здраво девојки ❤ Денес ми е 35ти ден од циклусот, правев тест, но за жал беше негативен. Незнам зашто толку ми доцни не се случувало порано. Болните брадавици и грчевите во долниот дел од стомакот се сеуште присутни. Па да видиме до кога вака
Државно со упат од општ матичен може да се направи на ГАК, Хистологија и во Букурешт (по 100/150 ден), со претходно направен ифективен скриниг за Хив и хепатити. Приватно може во: -Систина 3500 ден само спермограм, спермокултура 1000/1500, - Ремедика исто само што треба и плус ковид тест - Њуборн 2000 ден спермограм, спермокултура 1000 ден, со приложен инфектовен скриниг - Индус медика, 1000 ден спермограм и околу 1000 спермокултура Ова ако си од Скопје. За други градови не знам, ќе помагаат други членки