Честиткиии Денес ден за недобивање, без никакви симптоми или најавување на менс Пред една недела имав исти болки како овулација и исцедок, па или е задоцнета овулација или симптом Има некој во исчекување, да се тешиме?
Здраво девојки, Требаше да ми дојде во петокот меѓутоа еве денес 3ти ден нема ништо. Поточно се обидуваме за бебе и поради тоа денес решив да направам тест кој покажа негативен.. Малку се збунив,очекував да е позитивен бидејќи ми доцни,од вчера чувствувам и мачнини и често одам во тоалет. Дали е рано за да покаже? Следен чекор ми е преку крв..
Не е рано, но можеби си имала доцна овулација. Направи си преку крв. Биди си на сигурно. Ти посакувам среќа
Може да е рано ако си имала покасно овулација, повтори го за неколку дена. Преку крв ти е најсигурно. Со среќичка
Здраво на сите Пробав да најдам тема за овулација, но не беше активна па решив тука да пишам. Доколку прашањето ми е на погрешно место, слободно избришете го. Овој месец на 20ти имав исцедок, кој траеше скоро цел ден, како белка од јајце - тој што е типичен за овулација. На апликацијата шо ја користам со години My Calendar, High chance of pregnancy ми беше на 22.10. Тој ден имавме незаштитени односи. Е сега прашањето ми е, дали најплоден ден е денот кога го имаме секретот како белка од јајце, или ден-два пред или после тој ден. Фала ви многу ❤️
Мамита честитки со лесно да ја износиш до крај куклата ќе има бате или даде Гушки до вас едит : не знајш каков стрес ми направи. Мене ми касни 6 дена, се пазиме за пазење а и промена на клима. Ама психата … хахахахах е кај мене е разлика со царски ми е страв сега нека почека другото
Фала мами да ќе има или бате или даде гушки и од нас до вас. Едит: иначе и мене кога го видов тестот ме фати некој страв ама па и си викам веќе кога биднало нека биде се добро кај тебе е друго пошто си со царски мислам дека треба барем година дена да помине па после тоа да пробувате ние ете неколку пати не се пазевме и биднало. Ајде да не бидеме офтопик од темава може во лп да си пишеме.
Малку ќе се запие човек, ќе се опушти вечерта и оп сабајле ќе се најде на тема "Симптоми за бременост". Имам 32, досега не сме пробувале да имаме деца но планиравме да почнеме после нова година. Обично кога ми се неплодни денови не се пазиме. Е вчера мислев дека ми е неплоден ден, сврши во мене и еве од сабајле се што не сум знаела за овулации, плодност, спермограм и останато научив. Во апликацијата ми пишува овулација за два дена, а ние вчера имавме незаштитен однос. Денес имам болки ко за овулација. (И покрај тоа што апликацијата ми покажува за 2 дена , после корона вакцината ми иде менструација на 26ти, а не на 28 ден ко порано) Информативно има ли шанси да останам бремена, од кога се прават тестови, кога се појавуваат први симптоми? Какви се шансите уствари да остане 30 годишна жена бремена, дури и да пробува? Кога треба да почнам да кревам паника и да одам по доктори ако оплодувањето е неуспешно ? П.С. Не ми се верува колку сум неписмена на темава значи, џабе магистратури, џабе милион сертификати, ко тинејџерче пишувам по форуми после секс ☹