Шансите се доста големи да останеш бремена сега затоа што сперматозоидите патуваат и без разлика што овулацијата ти е за два дена тие можат да си патуваат тие два дена и да ја оплодат твојата пуштена јајце клетка. Тест можеш да направиш 14 дена по овулација може и на 12 ти ден да имаш веродостоен резултат ама подобро на 14 дпо.
Да, имаш шанси да останеш трудна. Деновите по апликација не се секогаш точни ( од искуство ). На апликација ми пишуваше една дата, јас останав покасно. Тестови .. почекај до менструација. Се пред тоа може да ти биде лажно негативно. Ако не добиеш, најбрзо преку крв ќе добиеш точен тест. Шансите 30 годишна жена да остане бремена се големи. Мислам 30 години е релативно млада жена Време за паника за неуспешно оплодување ти зависи од повеќе фактори, гинеколошка историја и слично. За тоа ќе си се консултирате со гинеколог. Се надевам дека ќе си добиеш резултат каков што посакуваш
Ви благодарам од за одговорите. Од сабајлево земав и фолна киселина и железо да пијам за секој случај, ако несакајќи биде да не умре од глад. Леле катастрофа сум, ќе си седнам да си ги исчитам темиве викендот да се едуцирам малце.
Во иста ситуација бев во Март годинава, кога прв пат правевме бебе во неплодни денови. Имам 27 години и исто имам м-р пред името ама правев тест 3 дена после односот Шала на страна. Има големи шанси да останеш бремена. Мој совет ти е да одиш одма по тестови за овулација, да си ја детектираш овулацијата уште во старт и да си тераш работа Јас после 4 месеци активно пробување (во плодни денови) не сум уште трудна. Мислев да поминат 6 месеци па да почнеме со испитувања. Овој месец сме без обиди ради корона па ќе си додадам уште месец дена плус за неодење на лекар. Ти посакувам да нема потреба многу да се замараш туку одма да си расне меше
Совет: ако сте во план да имате бебче, почни си со пренатални витамини уште од сега. Не можеш да наштетиш. Јас почнав да ги пијам 6 месеци пред да останам трудна
Благодарам на советите, јас и така пијам лекови чат пат против анемија сега ќе ги фатам поредовно, оти и крвната слика не се променува преку ноќ. Ќе терам по овие насоки што ми ги давате, ќе почнам одма со обиди, не знаев дека толку може да се чека, мислев така е тоа плукни залепи.
Е, и јас така си мислев плукни - залепи. Ама трц! Не било баш така, не знам што сум се пазела до сега толку. Ама, ајде.... Среќно, како и да е! Брзо да видиш две жар црвени цртички
Оо ние кога почнавме да се обидуваме и мина еден месец, два, три.. Си викам да не треба и ѕвездите да ми се поклопат да останам трудна Имам направено 6 негативни теста А и крвната слика подобро да си ја дотераш пред бременост, во бременоста може да ти биде хаос. Мене хемоглобинот од 160 ми падна на 105 за месец и пол, сега едвај го накачив на 111..
Јас останав бремена 2 дена пред добивање, а имав редовна менструација и по некоја логика не би требало нели тогаш да се фати, ама се фати. Правила нема ете баш тогаш сум имала покасна овулација. Јас имав 31 година кога останав бремена, се породив на 32. Нема врска не си ти стара па да мислиш така. Освен ако нели немаш некој гинеколошки проблем. Симптоми после 5,6та недела вообичаено.
Дечки веќе две години мака мачиме. Минатиот четврток правевме прва инсеменација, а веднаш после инсеменацијата почнаа многу да ме болат градите. Денес праев тест на 9ти ден нема ни бледа црта. Пред 2 дена имав толку јако стегање кај јајниците и матката што не се издржуваше. Има ли шанси или џабе се надевам ќе полудам веќе.
Рано ти е направен тестот, почекај барем уште 3-4 дена и повтори го. Секако дека има шанси да си бремена.
Zdravo. Na 23 ti okt imavme odnosi so deckoto na 29 ti okt mi dojde i mi traese edna nedela normalo kako sto mi trae. Denes zabalezav kafeav iscedok. Dali e mozno da sum bremena. Posto odnosov go imamvme na 23 a jas potoa na 29 ti dobiv menstruacija.. isto da napomena deka vo mokracata mi otkrija bakterija eherihia koli..
Zdravo Ciklusot mi zavrsi na 26.10. I od 29.10 pocnavme so soprugot da probuvame. Sledna menstruacija treba da mi dojde na 24.11 spored aplikacijata i do togas kje probuvame. Prasanjeto mi e koga e najdobro da napravam test?
Здраво на сите . Мене еве 2,3 дена имам главоболка и ми зучат ушите кога држам глава доле. Според датум имав овулација пред 4 дена . Сакам да ве прашам дали ова е некој симптом на бременост? Фала ви за одговор