1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од macence, 19 ноември 2009.

  1. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Феминки здраво,

    И јас во иста борба како сите, борба за ll цртки. Имам син кој ќе наполни 6 години и 2 спонтани абортуси после него (направени комплет испитувања после втор спонтан). Е сега, последна менструација ми беше на 19.10, добивам на 30-31 ден. Денеска требаше да добијам ама еве уште нема (се надевам и нема :inlove:). Планирам сабајле да направам тест, ама имам само обичен па не знам дали ќе ми покаже како што треба или уште е рано (со првото правев тест после 12 дена доцнење бидејќи не ни претпоставував дека сум бремена (facepalm) ) . Од симптоми болки во јајници и болки во кичма веќе неколку дена...

    Убава вечер :)
     
    На kikikikirika, tina2018 и АнаМаријаД им се допаѓа ова.
  2. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    13.784
    Пол:
    Женски
    Не е рано било каков тест ќе ти покаже веродостоен резултат. Ти држам среќа (fingers)
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е рано, чим ти доцни и еден ден макар, битребало да покаже. Со среќа :inlove:
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Ви благодарам многу, се надевам утре ќе го добијам посакуваниот одговор - ll цртки:l:
     
    На stsmua05, tina2018 и АнаМаријаД им се допаѓа ова.
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    7.677
    Пол:
    Женски
    Бидејќи оваа тема е поактивна одлучив овде да прашам.
    Дали некоја од вас има мигрена, и како поминала со мигрената во бременоста и јаките главоболки како симптом.
    Бидејќи пробувам за дете ме интересира дали имавте глсвоболки,како се справивте? Апчиња знам дека не смее да се пијат.. а мигрената и со јаки апчиња често не поминува а камоли без. Траат и до 3 дена болките. Што ви препорача докторот?
    Ви благодарам :hug:
     
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Си патев од мигрена во бременоста, а инаку немам таков проблем. Мајко мила, најлошите денови во мојот живот. Ништо не помагаше, така си поминуваше само од себе после 2 дена. Од апчиња парацетамол е дозволено ама кај те спасува тоа. Сите ролетни спуштени, се изгасено, тивко, телефон не чепкав ми сметаше и тоа светло, ептен ако ме бара некој мижејќи кревав. Едвај зборев, ми се кочеше и вилицата од болка. Не се консултирав тогаш со лекар, си мислев еден од оние лоши периоди во бременоста кога симптомите се поизразени ама ако често имаш такви проблеми сигурно има некое 'решение'.
    Општо имав тешка бременост на почетокот, со доста изразени симптоми, таман си реков поминаа во четврти месец почнав да повраќам... Ама ништо не се споредува со мигрена. Слободни денови од работа треба да следуваат за тоа чудо.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    7.677
    Пол:
    Женски
    Цела бременост ги имаше главоболките?
     
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Не, кога влегов во 6ти месец преку ноќ ги снема сите тешкотии што ги имав и мигрената не се повтори. 6ти,7ми и 8ми месец беа супер, е 9ти веќе други маки почнуваат и вечност трае :D
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Еве пак јас, но со убави вести!

    Баш на роденденот ми се скучи најголемо изненадување, позитивен тест!

    Бев денес на лекар ја потврдија бременоста според хормонот, засега е во ред, се надевам така ќе остане.

    Еве го моето искуство со симптоми може на некој ќе му помогне.

    Правев само тестови за рано откривање:
    Дпо + 8 беше негативен
    Дпо + 10 сабајлето слабо позитивен попладнето малку појако
    Дпо + 11 еден позитивен еден негативен тест
    Дпо + 12 позитивен силна црвена линија
    Дпо + 14 позитивен
    Дпо + 16 ептен јака црвена линија

    Значи тестовите за рано откривање е да полуди човек од нив! Подобро да се чека неколку дена до дата на (не)добивање отколку да си трошиш пари и нерви по тестови.

    Од симптоми:
    - Постојани болки во левиот јајник што исчезнаа пред некој ден. Сега ме заболува кратко, де на една , де на друга страна, па во средина, ко огномет да иам во стомакот
    - Малку покачена температура
    - Болки во градите ко за менструација
    - И ми фали ПМС расположение, цело време уште пред тестовите бев таква среќна, весела, обично пред ПМС сум јако напи*дена.
     
    На Erika.greeneyes, H.VAGA, Ani93 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    13.784
    Пол:
    Женски
    Убав апдејт :inlove:
    Уживај само :hug:
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Мене за мигрена ми помага масажа, дишење или пиење на масло од мента. Но многу е важно од сам старт на болките да го земеш. Е читав дека да го пиеш за време на бременост не штети, но сепак не би ризикувала.

    Пријателка тука во Германија, не знаеше дека е бремена месец дена пиеше јаки лекови за мигрена. После и рекол лекар само магнезиум да зема. Не и помогна тоа многу но бар не трае со недели, за ден два и поминува.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  12. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    40.298
    Мене аналгин ми рече да пијам кога имам главоболки. Баш патев и во двете бремености
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.876
    Допаѓања:
    19.756
    Пол:
    Женски
    Мене не ми препорачуваа ниедно апче. Не знам каде прочитав да се зема многу ц вит и магнезиум, па при почеток на болка пиев ц вит, свежо цеден сок од лимон ( многу лимон ), затемнував по дома и пробував да лежам/спијам. Значително ми го намалуваше периодот на болка :)
    После некое време исчезнаа.. мислам околу 18та кога престанаа мачнините.
     
    На Erika.greeneyes и stsmua05 им се допаѓа ова.
  14. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    @kikikikirika честитки, го имаш најубавиот роденденски подарок :inlove: уживај во периодот што следи :inlove:.
    Инаку јас само што направив тест, мислам дека е негативен ама гледам некоја ептен бледа цртка па не знам дали си умислувам или навистина ја има. Вчера требаше да добијам. Тестот е од оние најобичните од 50-60 денари.
    IMG_20211120_064923.jpg
     
    Последна измена: 20 ноември 2021
    На kikikikirika, baby 5, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  15. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    Хмм.. Не знам што би ти рекла во врска со тестов. Ко да гледам ијас нешто, или сепак не..... Најдобро земи Früh тест и направи го утре сабајле. Така ќе си начисто. Среќноо:inlove:(fingers)
     
  16. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Каде можам да го купам Fruh тестот? Зегин го имаат?
     
    На *Лаванда* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. spasovskam

    spasovskam Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    758
    Mene kako da mi se gleda vtora bleda (fingers)(fingers) povtori go sekako utre pak.
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    Го има Fruh во зегин, направи си да се осигураш ама јас гледам втора цртка 100% :D
     
    На *Лаванда* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Ќе купам после Fruh тест од Зегин и ќе го направам утре сабајле. Од нестрпливост сега направив Sure Check ама негативен испадна :?:
     
  20. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    Не го бива Шур, плус и мокрачата ти е веќе разредена.
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.