Девојки, мојата позитва заврши, синоќа прокрварев многу со грчеви, и со парки. Утрово бев на гинеколог, на ехо не може да види бременост, и покрај 3 позитивни теста. Вели дека е можна рана бременост која за жал не издржала. А можно било и воопшто да не е бременост. Направив прверка на крв сега ги чекам резултатите.
Здраво, ако може консултација со вас. Имам отечени и болни гради, некогаш имам и киселини, и дијареа, ми касни само еден ден, дали е можно да сум бремена? Ги имала ли некоја од вас тие симптоми? Секако ако не ми дојде до утре ќе си направам тест, но возбудата е многу голема неможам да чекам
Дека си била бремена, си била - тестот покажа, но ако навистина си имала овулација крајот на октомври, линијата требаше да е веќе многу јако црвена. Ама си помислив дека можеби грешка си ја пресметала... Ајде, нов циклус и нова шанса
Cim ti docni eden den mozes i denes da napravis test zemi si fruh test, dokolku ne mozes da izdrzis do utre.
Направи си тест. Ако ме прашаш мене, јас не би чекала и би се тестирала веднаш, со оглед на тоа што ти доцни денес
Бременост имало резултатот на крв покажа параметри за повеќе од 4та недела. Меѓутоа не се задржало, организмот го исфрлил. Така ми беше кажано од гинекологот.
Еве јас со кој ќе се дружам Значи иста бев предходната недела секој ден тестови и сите беа вакви бледи, ама бев на доктор кажаа бременост. Еден може да е грешка ама не може сите да се грешка. Честитки и чекаме уште убави вести
Се надевам ќе биде се во ред и да се дружиме низ бременоста мила . Јас сум со генетски мутации (испитано после втор спонтан) и вчера бев на лекар и веднаш почнав да се боцкам со клексан 0,4 плус пијам метилирана фолна и метилирана б12. Искрено и од срце се надевам дека овој пат ќе биде се во ред и ќе се заврши добро. На ехо сум во четврток, тогаш ќе испитам и бета... ама јас секое сабајле си правам од обичните тестови за да пратам бета .
Исто и јас. Во голем шок сум. Како да во секој момент ќе се разбудам од сонов. Посреќна душава не ми била никогаш, маж ми ми вика дека сум сјаела и однадвор.
Беше на лекар ти? Ти потврдија бременост? Јас уште не можам да се опуштам додека не ми направи ехо докторкава во четврток... страв ми е да се израдувам, пусти трауми од претходно
Рано ми е за на лекар. 15 дена по овулација сум денес, за 10тина дена ќе одам. Имај само позитивни мисли, се ќе биде во ред. Опушти се за да се опушти и ембриончето, да си се смести во пријатна атмосфера. Не се плаши. Ќе биде твое биди сигурна во тоа. Не заборавај, 3та среќа е
Проверка на бета ХЦГ во домашни услови . Првиот од горе е од пред 2 дена на 2 дена доцнење, тој од доле е од сабајлево на 4 дена доцнење...