Јас не знам зошто на секоја овде и се вика провери бета. Разбирам бета е потребна при ивф или кога нешто не е во ред. Вака, која е потребата? 7 дена по каснење одење на ехо и тоа е тоа.
Во четврток сум на ехо и ќе проверам бета за да можат да ме упатат на трансфузиологија за извештај, бидејќи сум со генетски мутации и примам клексани. Ама за мирна совест до четврток, јас си следам преку домашни тестови
Направив тест, ми покажа негативно, но сеуште немам добиено, имам многу болни и отечени гради па може веке 2 недели и често мокрам, дали е можно да има бременост а да е сеуште рано и да не покажува на тест
Па по моја пресметка 16 дена по овулација, претходниот месец добив на 21, а циклусот ми трае точно 31 ден, дури и во исти час добивам.
Се молам на господ да биде така, после многу разочарувања и една смрт на 8 дена бебе, сега ми е најголемата надеж
Незнам што направи таа, а кај мене нема ништо утре правам тест ми касни 4 дена а имав болки во карлицата неколку дена ама ми престанаа и како пецкања на десниот јајник, а стомак не ме боли само градите ми се потечени и ептен благи болки
Домашен тест може да не е веродостоен. Со бета ќе знае точно. Впрочем кога забременив домашниот тест ми беше негативен а кога направив дента бета ми беше 215. Нели домашните тестови детектираат над 10/50 мл бхцг ни ете кај мене ниедна бременост не ја потврдував со домашен тест..
Јас имам обратно искуство затоа и давам таков совет на моите тестови беше очигледно дуплирање на бетата
Аиии што убава линија се гледа Правев и сабајлево од тие најобичните, да се запази континуитет . Линијата секој ден е потемна, што ме радува многу . Утре ќе си направам Фрух за да си го чувам за спомен, од првата бременост уште го чувам
И јас ќе си ги чувам Мајка ми го чува тестот од мене 28 години и не е избледен, а мојов првиот Self clear веќе речиси и да нема линија. На Fruh изгледа ќе стои цртичката.
И мојот self clear не се познава веќе, а на обичниве од понеделник до сега си стои линијата. Ќе стои и на твојот Fruh, можеш да си го чуваш