Ќе правам утре сабајле,сакав барем еден ден да помине да видам дали ќе биде потемна линијата, иначе чудно мие што стомакот не мие веќе воопшто надуен како што ми беше овие дена како балон
Мислиш дека е можно да се случи овулација на 10ти ден од циклус и после 7 дена да е имплантација? Денес ми е 17ти ден, тоа ме буни а не сакам да се разочарувам со тестови
Па, да. Може да се случи. Едноставно, по ова што кажуваш, според мене се работи за рана овулација (на 10 ден од циклус). Имплантација во просек се случува од 6 до 14 ден после овлацијата (или уште попрецизно кај редовните циклуси 7-12 ден по овулација). Процесот на имплантација води до зголемување на хормонот бетаHCG, и затоа најрано што можеш да се тестираш е 2 дена по имплантацијата, или ако точно не знаеш кога настанала имплантација (ретко која жена знае), можеш да се тестираш со Фрух тест 4 дена пред денот за (не)добивање, или во превод на 11 ден после овулацијата. А, ако не си сигурна и не знаеш што да правиш, консултирај се со гинекологот. Објасни му за овие оскудни крварења, таму ќе го добиеш вистинскиот одговор. Среќно, од срце ти посакувам две цртки и секако, те чекам со нов апдејт Се' ќе биде во ред
Девојки денеска бев на лекар, по пресметка од последен циклус јас сум 5+2, но имаше само гестациски сакус од 3мм. Утре треба да проверам бета. Докторката рече дека се работи за многу рана бременост, ама поради претходните спонтани малку ми е страв... дали некоја имала слична ситуација?
Можно е, јас забременив на 11ти ден од циклус. Не знам точно кога ми била овулацијата зашто тој месец не бевме оптоварени со правење бебе и 'на слепо' го погодивме денот. Јас имав позитивен тест на 8 дена каснење и истиот ден бев на лекар, сакусот беше 8мм така да мислам дека е во ред. Многу брзо расне на почеток. Со полни 6 недели имаше срцева акција затоа викам брзо се развиваат на почеток. Тебе може овулацијата ти била покасно, ние го направивме на 11ти ден. Не мисли на лошо, уживај во моментов и ти посакувам се да биде во ред.
Ќе биде мила, наредниот циклус е твој! Изгледа Бог сака да сме летни трудници! На море со огромни стомаци
Девојки денеска правев бета хцг, според последна менструација сум 5+3, на ехо вчера се виде гестациски сакус од 3мм и бета од сабајле е 300... Ме фаќа паника ептен, не можам да дочекам понеделник кога треба да повторам бета
Читав по нет некои далеку поголеми вредности на бета во овој период и ептен се исплашив . Во понеделник ќе знам дали се дуплира, па ќе видам што ќе ми каже матичната...
Чекав 3мин и се појави бледа розева втора цртичка и за 20мин таа исчезна.Дали ова значи дека сум бремена или не сум бремена?
Каков тест е? Јас правев Self Clear и исчезнаа цртичките од тестовите. На Фрух си стојат и најбледите црти.