Јас испитав бета хцг пак, од вредност 300 пред 3 дена сега е 1050... Се надевам дека се ќе биде во ред и дека ќе се развие ембрионче правилно . На која вредност на бета можам да очекувам да го видиме на ехо?
Здраво феминки. Овие два месеца се обидувам со мм за бебе. Нешто ми беше чудно па решив да направам тест. Треба да не добијам денес утре.дали да се радувам? Фала ви.
Ако не е проблем, би можела ли да фотографираш уште еднаш? Нешто гледам, ама не можам со сигурност да проценам, дали е до очиве мои или фотографијата е таква - не знам. Ако можеш прикачи уште една фотографија
Неможам да доловам подобра слика тел ми е таков такви слики вади. Ама во секој случај фала ви секако ако не добијам ке го повторам за два до три дена.поздрав.
Јас би сакала да те прашам на кој ден од циклус имаше позитивен тест, а на кој ден 300 бета? И исто ако можеш да ми кажеш кога ти беше овулацијата, евентуално кога ви беа последните односи во плодни денови? Те испрашав Сакам чисто споредба да направам зашто еве уште немам добиено, имав негативен тест вчера Реков нема да правам ама не издржав. Сите симптоми ми ги снема, па не знам веќе што да мислам. Инаку, фрухтест правев.
Ептен бледа линија добив на денот кога очекував да добијам, потоа повторив уште неколку пати тест (читај 10тина пати ) и се повеќе се гледаше линијата. Прва бета направив на една недела доцнење на циклус, втората бета 3 дена после тоа. Овулација искрено не знам кога сум имала (изреметени циклуси поради хормони) ама според ехо станува збор за доцна овулација, така ми кажа докторката. Инаку вредно работевме цело време . Се надевам ти помогнав барем малку, ама секако почекај и повтори тест за некој ден
Значи да не се надевам баш. Јас правев тест на втор ден каснење, веќе би требало да покаже ако има нешто. Ти посакувам со лесно и до крај да си ја износиш бременоста