Секако дека ќе се дружиме Јас направив тест и одма истиот ден испитав бета и беше некаде околу 414. По два дена бев на ехо ама немаше ништо ми рекоја дека е рано. Да дојдам за 4,5 дена според тоа дека бетата на два дена се дуплира ќе биде таман да се види нешто. Мислам дека бетата треба да биде 2 000 за да се види. Ја видовме точката. Наредна недела сум за срцева акција. Нормално е да се плашиш и јас имам одредена доза страв додека не слушнам срце. Издржи уште два дена па докторот ќе ти каже најубаво
Kolku dena ti kasnese koga go pravese testot i betata. I kolku ti docnese koga ste ja videle na ehoto malata tockicka se mislam dali ke ima nesto vo sreda ili nisto nema da se vidi. P.s do togas ke mi kasni 7 dena se nadevam deka nema pak da e rano
Testot i betata koga gi pravev mi docnese 7 dena spored aplikacija. A na 13 dena ja vidovme tockata (sacusot).
Fala ti mila na odgovorot samo se molam na boga site da ne daruva so zdravo pravo bebence. Ke pisam sto ke napravam vo sreda ili cetvrtok
Здраво девојки .. Ми касни три денови според апликација,болки од време на време во половина , благо пецкање во јајниците како да треба да ми дојди, и од време на време имам како бел слуз .. Кога е најдобро да направам тест и дали овие се симптоми? Веќе подолго време се обидуваме ама не бидува, не дека имам многу надеж ама ајде ..
Здраво дечки, ми треба совет-мислење. Со сопругот имавме однос на 23ти или 25ти ноември и ејакулираше во мене а ми беа плодни денови. Потоа на 27ми направи тешка сообраќајка но све е во ред фала му на господ (го кажувам ова да дадам дознаење дека претрпев многу голем стрес). На 7ми декември требаше да добијам циклус, но еве веќе 14ти и мене ми доцни. Направив еден тест пред 3 дена и беше негативен. Имам болки во долниот дел од стомакот- лево и десно, знае и некогаш да ме пресече само, чувствувам надуеност, имав многу апетит но сега некако немам желба за секоја храна и некако како да чувствувам некои мириси повеќе, градите почнаа да ме болат, пред недела дена мислам имав и вртоглавици и од време на време имам гадење но не е проследено со повраќање. Можеби ми е се ова од претрпениот стрес, но живеењето во неизвесност ме полудува. Дали некоја од вас имала слично искуство или би знаела да ми даде некое мислење и некој совет? Извинете на предолгиот пост но полудувам и единствена опција ми е да се обратам тука бидејќи не сум во можност да одам на лекар сеуште бидејќи се преселив тазе во странство и тука здравството е ПРЕскапо а моето кое ќе чини нормално(преку осигурување) почнува тек од 1ви јануари. Ако не добијам до крајот на неделава ќе одам на лекар секако, колку и да чини а до тогаш молам бога и може ќе чујам нешто од вас. Ви благодарам
Првите несигурни знаци на бременост се гадење потреба за храна болки во долниот дел на стомакот вртоглавици се шо наброј .. изостанокот на менструација покажува и бременост но можи за ти касни и од стресот така да почекај уште некој ден рано е за тест ако го земеме фактот дека на јајце клетката му треба околу 2 недели за да се оплоди да се всади ембрионот во ѕидот на матката напрај уште еден кон крајот на неделата
Ти благодарам многу, секогаш до сега сум имала редовен циклус и најкасно што сум добила било до 32 дена никогаш повеќе, прв пат ми се случува ова. Немам забележано бледа крв сеуште но имам забележано како да ми тече нешто како влажни ми се гаќите како подмочана да бев а не е тоа
Бејби драга, прво што треба да направиш е да се опуштитш. И јас сум во иста ситуација, последен циклус на 11.11. За преглед закажав последна недела од декември, тогаш ќе се види секако што и да е. Не прави тестови, не иди толку често на прегледи. Нели ти е ова трета бременост па познато ти е како иде, така да уживај предпразнично и не си прави стресови. Најдобронамерно е ова, те гушкам силно.
Znam mila kako odi se mi poznato ama nekako me faka panika neznam zosto zakazav da pojdam utre pak kaj dr za da ispitam beta i da ja vidime na eho taa mala tockicka tato i batkovcite se vo iscekuvanje za edna ubava mala princezicka pa kako e bog nikoj ne e. Gospod na site da ni gi ispolni zelbite
Можиш да земиш било кој тест најсигурно ти е наутро да си го напрајш со првата мокрача сега биди си опуштена не му ја мисли не си прај стресој се ќе биди во ред со среќа ❤
Сите овие симптоми што ги наброја ги имам јас, а бремена сум веќе 6та недела . Гадење, намален апетит, одбивност спрема некоја храна. Мирисите ги осеќам поинтензивно. Стомакот ме болеше и мене константно неколку денови сега веќе не. Провери можеби и кај тебе е бременост.
Devojki edno prasanje do vas shto imavte isti simptomi kako da treba da dobiete a vsusnost bevte bremeni. Me interesira kolku dena posle ovulacija vi se javija tie simptomi(bolki vo dolniot del od stomakot) ?
Znaci da ne se nadevam ni ovoj mesec. Jas pravev inseminacija i 2-3 dena po ovulacijata pocnav da cuvstvuvam kako i sekoj mesec menstrualni grcevi, ne se tolku jaki ama gi ima.
Апсолутно нема правило, секој организам е различен. Сум имала грчеви во стомак и одма после овулација, некогаш сум немала воопшто... Секој организам е различен, секој циклус е различен. Кога бев бремена, а се уште не знаев имав многу лош пмс. Ауу уште памтам какви грчеви имав, напливи на топлина, нервоза... Ми идеше да го убијам маж ми, ми сметаше како дише. Бев сигурна дека ќе добијам и дека ми е еден од најлошите пмс. Не се разочарувај предвреме.
Имам читано во тема за вонтелесно оплодување за вакви симптоми после инсеминација и останале бремени не се споредувај со никој , некој немал никакви симптоми , некој дури и повраќал и слично иако такви симптоми у глобала не се можни ама сите сме различни . Positive vibes only