Јас ги имав истите симптоми како пред добивање .Пмс на највисоко ниво. Мислев пак ништо. А јас веќе сум била бремена.Мисли си на позитивно
Zdravo devojki denes mi e 18 den od ciklus imam mnogy akni na bradada izlezeno do sega ne sum imala tolku mnogu a kalendarorot pokazuva ovulacuja dali znaete sto znacat aknite vo sredina na ciklus inaky na 32 dena mi doagja
Денес при бришење забележав розева крв, си помислив да не добијам бидејќи ме болеше стомакот но уште ништо. Главоболка имам само и на моменти ми е мнооогу топло. И со расположениево сум хаос, пресензитивна… Еден доктор ми кажа дека најдобро било да ми доцни две недели па да направам тест за да покаже позитивен и еве уште си го чувам во фиока вториот
Јас колку што сфатив, пред околу 2 - 3 недели и е односот. Рано е за тест. Чисто како информација. Правев тест после 10тина дена од ризичен однос, беше негативен(не ми каснеше). Прв ден кога требаше да добијам имав бледа линија.
Мене 10дена дпо не ми покажа ни бледа. А добивав на 26-27 дена Со циклус на 32 дена нека почека уште два три дена. @Little_girl смири си се , прошло тоа со маж ти, па пофали се за некој ден тука
Треба да ми дојде според календарчето на 01.01. Знам има уште една недела, но еве веќе неколку дена имам како повремени грчеви и пецкање во долниот дел од стомакот и јајниците што претходно сум ги имала два три дена пред менструација. Исто така градите ми се осетливи, што и претходно ми биле така само не толку порано како сега. Вчера на бришење имав розев исцедок, и мислев дека денеска ќе ми пробие, но нема уште ништо. Денеска исто пак на бришење розев исцедок и смеѓо кафено. Болки имам како да во секој момент ќе ми пробие менструација, но сепак рано е многу. Дали ова би можело да биде баш тоа што мислам имплатанциско крварење или пак овој исцедок може да е од овулација? Еве веќе втор ден како ми е така. Искрено се надевам малу потајно
Zdravo na 20 ti imav nezastiten odnos so partnerot sredna moznost za bremensot pocetok plodni denovi od vcera imam osetlivi i oteceni gradi ima sansi da se simptomi na rana bremenost ili e rano i se simptomi na menstruacija , posledna mi bese na 11.12
Симптомите за бременост и циклус се исти и нема разлика, никој не може со сигурност да ти каже дали си бремена или не. Ќе си чекаш и ќе видиш ако ти доцни циклусот ќе си направиш тест.
Cao devojki, vi se ima li sluceno na 16 den od ciklus da pocnat gradite da ve bolat, mene mi e denes 22 den i seuste imam jaka bolka vo gradite, inaku imam redoven ciklus na 28 ili 29 den dobivam , merev temperatura 36,8 . P.s se obiduvame za bebce
E da i mene isto mi se slucuva sto e rabotata poima nemam , potajno se nadevam na bremenost ama izgleda deka nisto od toa
Добив после 10 дена, ама и подобро така пошто уште не е моментот Ќе си биде се во свое време, фала ви на сите за одговорите
Здраво девојки, мене рано ми е за добивање околу 6-7 треба да ми дојде циклус,но денеска приметив две три капки крв , имав деновиве симптоми на ПМС, со сопругот се обидувавме месецов за бебе во денови на овулација, дали мислите дека постои шанса за позитивни резултати?
Постои шанса, може тоа да е имплантациско крварење. Но сепак мора да ти задоцни па да си направиш тест. А може и симптом за добивање да ти е. Ти посакувам бременост
Здраво девојки . Еве 2 дена имам многу јаки болки во долниот дел на стомакот , исто така и на јајниците. Неможам ни да одам . Менструалниот циклус ми е хаос со доцнење . Планираме за бебе. Последна менструација ми беше на 07.12 Дали ова може да биде некоја симптома од рана бременост?