Според мене рано е за да осеќаш било што, ако ти доаѓа на 35дена да речеме, а последен мензис ти бил на 7 декември, имаш уште 10тина дена додека да ти дојде... Е сега ако сметаме како што пресметуваат повеќето апликации, да речеме лутеинската фаза кај поголемиот дел од жените трае 14 дена, можно е минатата недела, односно пред некои 3-4 дена да си била во овулација па најверојатно од таму и болките...
Јас сум 5та недела бремена, ни еден симптом немав ни имам. Дури и предменструални болки имав кога требаше да ми дојде и толку. Само што ми доцнеше, друго ништо. Или рано е? Врска немам јас прва бременост сосема глупа влегувам во ова...
Posledna menstruacija mi e na 14.12 za 10 dena treba da dobijam, sega vo momentov merev tt 36.9..dali e mozna rana bremenost ili seuste e rano
Јас до 5та нед имав само вкус на метал во устата, после тоа од 6-8 ма имав ненормални мачнини. Од 9та недела сум подувана до заби и имам запек... хаос. Влегов во 10 та и стомак страшно ме боли ...
Ништо ништо не ми се случува, да ја немав таа апликацијата може и до 5ти месец ќе стигнев без да знам. Ваљда после 5та недела па ќе ми се дешава нешто не знам. Дај боже се да биде во ред, а да не барам леб преку погача, ама може и вака ко сега да си поминам цело време нема да се бунам
Zdravo. Vo nedelata imav ne zastiten odnos, plus imav i ciklus t.e mi bese pri kraj. Denes imam nagoni za povrajkanje. Dali e mozno da sum bremena?
Да го споделам моето искуство. Денес требаше да (не) добијам. земав тест self clear, го правев поручек кога си дојдов од работа, ми покажа ептееен бледа линија, од симптоми немам ништо, освен главоболка минимална и повремена, што ми се појавуваше и пред да добијам... а да и болни и чувствителни гради се' уште... ова ни беше трет последователен обид, најмалку бевме активни.. е така само споделувам, да ми се потврди дај боже наредни недели
една недела сигурно, можеби и десетина дена претходно. Секој месец ме болеа, со таа разлика што претходните месеци прекинуваа да ме болат ден пред пред да добијам
i mene pocnaa da me bolat a treba da NE dobijam za 10tina dena, sega koga pocnaa ja izgubiv cela nadez no ti mi dade malku povtorno da si se nadevam hhh
Не барајте симптоми по секоја цена. Јас немав никакви никакви симптоми. Не ми се ни веруваше дека сум бремена. Маж ми тогаш дечко вели дај направи да видиме зошто ти доцни. Неколку дена ми доцнеше а јас мислев ке добијам, ама тестот позитивен излезе.
Дали некоја што се породила останала бремена пред да добие!+? И дали осеќала некои симптоми. Јас се породив пред скоро 5 м, немам добиено сеуште, а веќе некое време чувствувам како менструални болки, си викам ваљда не е уште едно бебе... .. После две деца и тоа како ми е страв за трето.. Имаме незаштитен однос, ама не свршува во мене,.. Знам дека е ретко ова, ама не е ни невозможно.. Како и да е, ќе правам тест, ама чисто да споделам, може имала некоја слично искуство
Јас не знам ама докторот на преглед на 6 недели ми нагласи дека лесно може да останам бремена иако дојам и немам циклус. Јајниците може да се активни и без циклус. Имало случаи каде жени кога ке го осетат бебето дознаваат дека се бремени а дојат и немаат циклус.
Zdravo devojki denes mi e 38 den od cuklis i koga bev vo vc samo 2 pati imav kako kafeno ligavo a posleden nezastiten odnos na 18 dekemvri a vcera pravev test negativen ima li sansa da sum bremena