Штом си со инсеминација, докторите препорачуваат по 14 дена од денот на интервенцијата да се направи тест за бременост или бета да се испита. Утрогестанот го дават за подршка и да се користи минимум до појавување на срцевата реакција. Сепак направи еден тест да знаеш дали си или не си бремена.
Здраво Веќе скоро 2 ипол години пробуваме за второ детенце..првото ни е со ивф( од прв пат) од машки фактор..сеуште имаме надеж дека ќе успееме овој пат природно..месецов 2 недели имам болка во јајниците, грчеви, болка во долниот дел на стомакот на моменти воопшто немам апетит па на моменти сум ко прегладнета..има закажано на гинеколог со надеж дека овој месец сме успеале...само да не се работи за нешто друго...слично искуство..имав исцедок во средата..на 7ми тек треба да "имам" циклус
Дали некој имал ран симптом како слаби бодежи во долниот дел од стомакот? Нешто слично како кога дигам тешко знае така да ме заболи.
Jas imav na denot koga trebase da dobijam... odposle koga doznav deka sum bremena malku poizrazeni bea.
Мене ми доцни 4 дена и денес за прв пат осетив таква слаба болка. Никаков симптом немам сеуште освен болни гради на допир и постојано ме тера на плачење и нервоза
Пишав дека веќе ми доцни 4 дена. А воопшто немам исти симптоми како пред менс @fana најверојатно така ќе биде, фала на охрабрувањето
Пишав веќе во друга тема, ама еве да пишам и тука за симптомите, може некому ќе му помогне. Да си ја раскажам мојата сторија можеби некому ќе помогне. Значи прво овој месец некако длабоко во мене знаев дека ќе биде зашто не се оптеретував многу и бев презафатена со други обврски. Селидба, школо, работа… се и сешто ми се случува периодот. Нормално бевме секојдневно активни во плодни денови, си се тестирав за овулација и знаев кога ми се. Симптоми почнав да барам од кога сфатив дека ми доцни. Скроз и заборавив кога треба да добијам и пред некој ден си се исплачав за ништо и тогаш ми текна да видам календарот, и оп ден за недобивање да ми бил. Тоа ми беше прв симптом, значи мнооогу нервоза и многу ми се плачеше. После почнаа градите да ме болат само на допир (и сеуште е така), мноогу бело прање ама безбојно и без мирис. Друг симптом ми е запек имам веќе една недела и одвај успевам да идам во вц. И од вчера некои чудни слаби бодежи во долниот дел на стомакот, слични како кога кревам нешто тешко. А да и синоќа прв пат станав за во вц во сред спиење (тоа никогаш не ми се десило). Тоа е засега сосимптоми, и воопшто не ми се исти како пред добивање (само емоциите се). Ви благодарам многу на безрезервната поддршка изминатите скоро 2 години, вие ми бевте најголемата утеха во оваа макотрпна борба. Ви посакувам на сите вакви две цртки
Да мила ти баш беше пред некој ден со позитивен тест така? Честиткии и до тебе ќе се дружиме во труднички