Ако има поминато 12 дена од овулација можеш да направиш Фрух тест. *Кога останав трудна и јас имав жолт исцедок после 6-7 дена од овулацијата
Здраво ве молам за совет,ризичен однос имав на 29 јануари потоа си добив менструација на 12 фебруари и траеше нормално обилно 6 дена со црвена боја. Од кога ми заврши имав болки во половината повторно,пецкање на левиот јајник, но си реков настината сум и премрзната, сега треба да ми дојде и пошто не ми е редовна мислам дека веќе ми касни 1-2, имам изразени вени на гради од симптоми но немам болка при допир,имам зголемен вагинален исцедок со бела боја, и менструацијата нигдека ја нема. Настината сум ужасно ме болеше стомакот денеска,се напив беналгин, и грлото ме боли и пролив имам. Дали може да се сомневам дека може да останам трудна а сепак да добијам бидејќи тој не сврши внатре но на 28 ден предтоа ми бил плоден според календар. Ве молам за помош!
Знам дека се мали шансите да забремениш ако не свршил во тебе,но читам секакви примери и многу ми е страв,пробав да ставам и ракија на јајници да се стоплат мислев ке дојде но само бел исцедок и нигде ја нема
Ај рилекс не се останува толку лесно трудна со години имав односи со маж ми без кондом до сега 5 деца требаше да родам
леле знам ама психата е чудо,си викам што ако се има нешто испуштено ме буни што имам грчеви во матката и бел исцедок многу.
Го читав постот погоре и освен ако не си имала незаштитени односи по менструацијата од 12.02 не си бремена, беспредметно е да бараш симптоми.
Да си пишам да се пожалам... Пред некој ден бледа линија, утрово солидно обоена втора, значи бремена сум Но имам константна тапа болка во матката како за пред добивање, не толку јака, со првото колку што се сеќавам мислам слично ми беше ... Ќе закажам термин на гинеколог следната недела ама до тогаш мисла...
Зошто мисла кога ете веќе имаш искуство со една бременост. Најнормална е тапата болка, опушти се и уживај во бременоста, со среќа.
Женски мене ме мачи нешто. Дали е можно да сум бремена доколку претходниот месец имав циклус, а овој месец ми доцни 9 дена? Да напоменам дека откако ми заврши немам имано однос. До сега сум немала проблем со доцнење, еднаш или два пати да има закаснато вака повеќе..
Искуство некој со настинки во бременост..... 35та недела се разболев пијам само далерон за температура по потреба ама два пати до сега кога ми е ниска почнувам да се тресам мн и да ми е ладно и само со туширање со топла вода се смирувам ( Што можам друго да земам или направам...
Односот се случи пред 8 дена, тој ден ми беше и овулацијата. Вчера навечер при бришање имав светло кафеав исцедок, наутро пак. Дали би можело да е имплантациско крварење? Да напоменам дека немам баш никакви други симптоми и промени. А за добивање ми е доста рано. Мада можеби и циклусот ми се пореметил.