1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од macence, 19 ноември 2009.

  1. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    8.333
    Пол:
    Женски
    Едвај заспивам, а се будам многу рано :yawn:. Никако не можам да се наспијам саглам, а се воздржувам да не спијам преку ден за да се комирам навечер, ама џабе :).

    Еве денеска ме боли минимално половината. Ме загрижува болката, не знам може и нормално е. Овие денови сум на лекар па ке видиме.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Јас ќе заспијам на кратко и после ќе се разбудам па не можам да заспијам, па после ќе заспијам и пак ќе се разбудам и така цела ноќ, нерви кинам, никако не можам да се одморам како што треба а не одам на работа оваа недела и баш мислев дека ќе се изнаспијам и ќе се одморам.
    Сега ми е полесно кога знам дека не сум сама со ваков симптом:) Ќе издржиме, само сè да биде во ред со бебушите(fingers)
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    8.333
    Пол:
    Женски
    Ке издржиме се, спиењето најмал проблем. Само лекарот да каже дека се е во ред. Читам сешто за вонматерична бременост па се вадам од памет ради болките (facepalm).
     
  4. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.170
    Пол:
    Женски
    Да, многу нормални се тие благи болки, се шири матката, се додека не се остри болки кои траат нема ништо за загрижување. Истите болки продолжуваат низ бременоста еве јас сум 15+5 и од време на време имам такви благи болки. Иако го знам ова, веднаш ја замарам матичната да ја прашам дали е страшно, чисто да ми е мирна главата :D
     
    На Anturium, oblace1 и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    И јас се и сешто читам и се вадам од памет. Сите околу мене ме караат за да престанам да читам ама ајде де, посилно е од мене.
     
    На oblace1 и jelo им се допаѓа ова.
  6. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    7.677
    Пол:
    Женски
    Јас на почеток многу спиев. И преку ден и навечер.
    Чекај тек допрва нема да спиеш. Јас сум 21 недела.
    Не ми текнува од која недела ми почна проблемов со спиењево.
    Буквално на секој сат се будам, и многу соништа сонувам. :rofl:
     
  7. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Леле ме усреќи:rofl: Претходно си спиев без проблеми, ќе ставев глава на перница и до сабајле не мрдав. Сега се побудалив со ова неспиење, многу ми е чудно.
    Плус маж ми ме нервира што одма заспива а јас не можам:rofl:
    Како и да е, само да биде сè во ред со бебка друго сè се издржува:inlove:
     
  8. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    8.395
    Пол:
    Женски
    Здравооо :) јас сум 7ма недела и освен ууууужасни болки во градите немам ништо друго, па жена да направи филм одма мислам нешто не е добро со бебе зошто не повраќам иако се молев да не ми се лоши:D.. градиве во ноќ ме будат како да ми се шират ги осеќам :o ќе пројде ли тоа некогаш? :D маж ми вика де бре конечно имаш гради а не смеам да допрам (facepalm)
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.079
    Допаѓања:
    110.776
    Пол:
    Женски
    Во 13та недела.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kissce

    kissce Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Направив тест Sure check негативен е. Дали да направам уште еден утре сабајле?
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Не прави Шур чек, не се добри. Земи било каков друг само не шур чек.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kissce

    kissce Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас направив досега 3 теста и се негативни, но градите ми се тврди и никогаш не ми биде додека сум била во периодни денови. Требаше да ми дојди на 26 Март, а однос имавме на 19Март и одтогаш се сомневам.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Campanula

    Campanula Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2020
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Женски кога ги почувствувавте првите симптоми на бременост? Јас имам недела до (не)добивање, но ужасно изморена се чувствувам преку ден, ми се спие, а навечер не можам да заспијам. Градите ме болат многу, веќе неколку дена, стомакот подуен. Знам дека е рано за било што, може и само изморена сум ама пуста желба, за бебе... И на моменти многу нервозна се чувствувам. Расположението ми е за никаде.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AugusTina!

    AugusTina! Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Јас немав никакви симптоми, циклусот ми беше точен ко швајцарски сат и кога ми доцнеше веќе неколку дена знаев. И по една недела направив тест позитивен. И мислам и дека помина некое време и од тогаш како почнаа да ми се јавуваат мачнини, подуеност, повраќања, несоница и тн.. Дај боже ако си сакаш да си забремениш ама да не е рано за симптоми.
     
  15. Campanula

    Campanula Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2020
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Да, рано е за симптоми. Ама си правам филмови. Најверојатно прогестеронот ми е покачен и јавува слични симптоми.
     
    На AugusTina! му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.130
    Допаѓања:
    75.949
    Пол:
    Женски
    Ова може да се и пмс симптоми, доста се слични... Но дај боже да ти се симптоми за бременост :)
     
    На Campanula му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Campanula

    Campanula Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2020
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Обично ме болат градите, ама една недела пред да добијам. Претходните две менструации воопшто не ме ни болеа. Други симптоми на пмс не сум имала. Но како и да е, има уште 6 дена па ќе видиме.
     
  18. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.507
    Допаѓања:
    7.941
    Пол:
    Женски
    Јас прв симптом изразен беше болката во градите.
    Мене пред секое добивање ме болеа ама овој пат болката беше различна..ме болеа како скапани..на дм не му давав да ме допре а камоли да ме стисне...
    Така да верувај ке знаеш сама ...телото си кажува...
     
    На Campanula му/ѝ се допаѓа ова.
  19. katce patce

    katce patce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Ми касни 5дена веќе. Болки во половината и стомакот како за добивање. Направен прв ден шур чек негативен, па потоа 3ден селф клир негативен. Можеби и рано е да покаже последен однос на 08.04, два дена пред циклус.
     
  20. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Devojki vo Red li e vo rana bremenodt da se pie caj (kompot) od slivi... Imam zapek i ne sakam da napinam da ne ne cini inaku sum 5n+2d