Ако последниот циклус ти бил на 18ти мај, денес ти е прв ден каснење ако ти доаѓа точно на 28 дена. Ако имаш подолги циклуси, почекај уште некој ден и направи тест, ама ако ти е редовен денес ти е прв ден доцнење.
Tocno na 30 dena mi doagja , do april mi doagjase sekoj 8 vo mesecot,vo april imav preselba dali mi vlijaese toa, stres... mi docnese 10 dena sto nikogas od koga imam dobieno kako devojce ne se slucilo i sega si go zemam 18 kako posledno neli kako da e uste dva dena stiskam palci
Здраво веке подолго време сакам детенце ама ова се случи неочекувано ... Добив на 4јуни.. На 10ти ми заврши.обично после 7 дена од завршувањето ми се плодни ама јас место на 18ти .. овулација имав на 15ти .(осекам по болката во јајникот). . А. . На 13ти имав односи со свршување внатре .. ама станав одма у вц пошо ми се мо*аше.. после три дена од односот осетив пак болки како за овулација траеа два дена (и 3 можеби) ..и вчера станав од спиење со киселини во желудникот кои траеа неколку часа .. На Втори сега треба да добијам(или не) .. ама многу сум нестрплива ... (Иначе бев настината и имам белопрање налик на бели грутчина и ме чеша ) мислам дека мие од настинката ..ама можное рана бременост ?
Ако те чеша можно е да имаш некаква инфекција, оди на гинеколог. За тест за бременост ќе треба да почекаш уште недела дена.
Фала за советот ... дефинитивно е инфекција ... најдов нешто слично cotton cheese ... or yeast infection се вика ... со сода се мијам секој ден ... денеска помалце имам .. Значи за тест мора да почекам ... уште 8 дена ке ми дојди ...
Не да се миеш со сода туку да одиш на гинеколог да ти даде соодветна терапија. Прво тоа излечи го па мисли на бременост.
Бактерии не се лечат со сода, 21ви век сме. Ако имаш бактерија и си забременила не е ок. Оди на гинеколог.
По симптомиве што ги пиша наликува на кандида и таа ако не се третира може да доведе до поголеми компликации и да се повторува често..
Сега читам, кандида албиканс на едно место вели не му штети на плодот, нема допир со него, а на друго дека од кандидијаза може да се роди со помала тежина. Појма немам стварно шо е точно. Ваљда ако не се третира долго време. Нека каже некоја повеќе ако знае.
Кандидата во бременост лесно се појавува ради што се лачи поголемо количество естроген а тој прави да се лачи поголемо количество гликоген кој прави да порасне растот на кандидата,која секако ја имаме,само што тогаш под тие услови се активира многу лесно. Ко ке се породи жената ако се пренесе на бебето кандида ништо страшно многу лесно се лечи. А и во бременост има дозволени вагиналети антимикотици за трудници за да се исчисти кандидата. И најбитно е во бременост безразлика дали бактерии има жената или кандида важно е да се работи на обновување на микрофлората во вагината,односно лактобацилите да ги зголемиме. Само на тој начин ке бидете заштитени од тие ствари,пошто со разни инфекции и бактерии се уништува таа,и мора да се обнови,за да штити. И кандидата не може да му наштети на бебето во стомакот додека другите бактерии како уреаплазма микоплазма и сл. можат и те како. Затоа се треба да се третира на време. Членката што пиша дека може да донесе поголеми компликации,да точно ако не се лечи кандидата,микрофлората на вагината ке се уништи скроз и тогаш е подлога за опасните бактерии како овие горе што ги пишав,тогаш многу лесно може да се размножат и тие. Но самата кандида не може да направи поголеми компликации ако се лечи одма и на време.
Фала ти на објаснувањето! Ако е присутна пример, а без симптоми во рана бременост, е опасност по развојот на плодот?
Не е опасно, јас имав од пред да останам трудна до брисеви во 12 недела, после со вагиналети се среди. Сега сум 30та недела, не ми се појави пак. Скоро сите ја имаме, кај некои повеќе, кај некои помалку размножена.
Кандидата е габа, не спаѓа во група на бактерии,и неможе да наштети на развојот на плодот нити во рана нити во доцна бременост и не делува на текот на бременоста. Како и да е треба да се лечи,ствара нелагодност,некој ги чеша пече и слично. И да нема симптоми а да е откриена тогаш значи дека не е во толкав голем број чим не дава симптоми,ама и тогаш треба да се лечи. Обично многу лесно се лекува,ретко некоја да има упорна кандида и потешко да биде лечењето.
За секој случај секоја вечер по една чаша јогурт, а наутро кисело млеко. Знам еден лек за лечење, зовриена вода и сода бикарбона вл шприц, да се шприца повнатре во вагина, околу 10тина дена. Таа шо ми го кажа откако го направила ова, не ѝ се појавила пак. Кај мене најчесто излегува на брис, а јас не ја осеќам.
Да ти кажам најискрено ова го имам пробано и јас со шприцот и содата ама не чини. Како шприцаш тоа внатре pH вредноста се менува и се уништуваат лактобацилите(добрите бактерии кои не штитат) и јас напраив ова и не само што не излечив кандида него закачив и уреаплазма и микоплазма и гарднела. Ова е само мое искуство не викам дека не помогнало на некого,ама и самите доктори кажуваат дека пречесто миење доле може да го направи истото,а ова замисли сода растворена внатре шприцаме. Мене гинеколог ми има кажано навечер само со млака вода измивање и доволно е. Никако сода и такви ствари. Поарно да си земете вагиналети јас овие последно ги користев Донафил на природна база се со млечна и борна киселина и обновува се,башка ептен ефикасна против кандида. Ова зборам со дозвола од доктор за вие бремените. На природна база се ама сепак треба консултација.
Да прашам. Со дечко ми имавме незаштитен однос неколку пати, но тој сврши надвор од мене. Три дена ми касни менструацијата што ми се дешава првпат постојано ми идеше порано неколку дена, имам болки во стомакот и во градите. Што мислите има ли шанси за бременост многу сум исплашена??