Па немам редовен циклус затоа не правам веќе тестови, и имам малку на десниот јајник циста малечка затоа, но мислиш дека има шанси да сум бремена?Дај боже да е така но штом добив минатиот месец и ако 2 дена престанав да се надевам, но веќе неколку дена не сум добро чудно се чуствувам.Ќе направам тест и можеби пак ќе се разочарам ама обавезно ќе ве информирам. Поздрав
си напишала дека 7месеци се обидуваш да забремениш, а зошто не отидиш да лекар да прашаш зошто не ти е редовна менс.?е сега друго нешто, овде на форумот дознав дека оплодената јајце клетка кога си го завзема нејзиното место во матката за да се стационира таму, (незнам како поинаку да ти објаснам), предивикувала крварење, но за разлика од менструација тоа било по кратко, и по различно(ти кажувам како што сум прочитала оти јас уште не сум го осетила), во овој случај ти викаш дека ти трае нормално 5 дена, а овој пат само 2дена, ти каснела 7 дена, плус срвшено е внатре, со сите овие факти ти кажувам дека шанси да си бремена постојат, и мислам дека би требало да се големи, само треба да дознаиш, и да ни кажиш дали ке станиме пак тетки
Сум бил на гинеколог сум направил сите испитувања и докторот ми вика дека све е во ред само во десниот јајник имам многу мала циста и тоа не би требало да направи проблем за да збремениш во иднина ми кажа.Од тоа не ми е редовна менструацијата.Друго све во ред, хормоните и друго.Но сеуште немам успех чекам седум месеци.Многу ти нлагодарам за подршката ако е така веднаш ќе ве информирам утре. Поздрав
Здраво драги феминки ми треба голема подршка а највеќе да ми држите среќа вчера ми дојде па занчи денес ми е 2 ден, а здравје на 9 ден ќе правам ХСГ да видам дали се ми е во ред со проодноста на каналите па затоа ми држете среќа да биде се во ред бидејќи ми е оваа последна анализа и ги имам сите документи соберени и да ги поднесам во ФЗО и да чекам позитивен одговор и да се спремам за инвитрото и конечно да ми се оствари МОЈАТА НАЈГОЛЕМА ЖЕЛБА ДА БИДАМ МАЈКА воедно сите кој се трудат да станат родители да бидат храбри и да не се разочаруваат само со позитивна мисла и релаксирано се што си е наше ќе си дојде на свое место ги следам постови на оваа тема и немој да се разочарувате гледам некои се по неколку месеци во брак а еве јас сум 7,5 години и отидовме и ги направивме сите анализи затоа и еден совет од мој личен пример немојте да чекате и да велите не бидна овој месец ајде ќе биде наредиот точно имајте надеш ќе биде но воедно ве советувам да ги направите сите анализи и за мажот и за жената за да недај боже ако има некој проблем да се почне да се решава ви држам среќа сите да успееме да бидеме трудни поздрав :wink:
благодарам нана, ке ти држиме срека и ние тебе и се надеваме дека наскоро ке ни напишеш тука дека чекаш бебе..
Дај боже да бидеш бремена.... еве и јас веке 5 месеци се обидувам за второ дете,ама нистооооо..... пред една недела почна да ме боли половината,кичмата,стомакот,па си викам сега сигурно сум,ама ништо,денеска ми дојде....
Дај Боже за зите нас. Ама јас не верувам и затоа немав храброст да направам тест, некако веќе се уморив од тие тестови и чекање веќе со месеци.И ти немој да се разочараш, за утеха за тебе имаш едно дете си го почуствувал таа радост еднаш, ние ни тоа не можеме да го реализираме. Поздрав
Леле Боже какви сте, поготово ти Slimy, па ако така размислуваш никогаш нема да појдеш напред.....не ми се допадна тоа што кажа на погоре наведената феминка, има веќе едно дете , а VIE никогаш не можете тоа да го реализирате Со такви мисли не, па и 7 месци бре не се воопшто многу, а замисли да се 7 години. што би правела и што би пишувала тогаш?????????? Господ е голем и ан сите дава, на некој порано, на некој подоцна, но никого не заборава!!!!!!
Знам дека не е толку многу но навистина не можам да разберам како некој вика од прв пат веднаш стана бремена а некој друг со месеци не може и ако е све во ред.Па јас не го велам тоа за едното дете на тој аспект, викам има уште едно дете може да ужива со него и да заборава малку на овој проблем веќе не знам и како да го наречам.Ќе се обидам да размислам позитивно во иднина. Поздрав
Зрдаво јас сум нова на форумов и би ве замолива да ми помогнете.Претходниот месец имав добиено на 8 март,отогаш наваму имавме постојано односи и свршува во мене.На 1 април направив тетс но беше негативен ,вчера требаше да добијам но не добив.Е сега вака веќе неколку дена имам болки во скомакот и градите ме болат,а имам и зголемен исцедок.Би ве замолила да ми казете дали овие симтоми се на бременост или имам циста на јајниците па не мозам да добијам
Според мене сеуште е многу рано за тестот ќе почекаш, после 8-ми па направи тогаш тест за да провериш поточно. Исцедокот може да е последица на некоја инфекција.Направи еден гинеколошки преглед подобро. Поздрав
фала многу,а ке мозе да ми кажете дали ако имам циста болката ке биде постојана или повремена како сега? Поздрав
I jas imam cista no nemam bolka samo ponekogas malku, no najvazno treba da napravis ginekoloski pregled, za da bides posmirena.
оп стоп полека сега малку, од каде ти донесе заклучок дека имаш циста??? Не мисли така додека не ти каже доктор. Второ требало да добиеш вчера, не си добила, ако си имала нормална овулација требало тоа да е пред 2 недели, што значи ако си трудна тестот би требало да покажи резултати оваа недела, зголемениот исцедок (ако е без мирис и без боја), болки во градите и стомакот, и сама знаеш дека се предменструални симптоми, но слични како предместруалните симптоми биле и симптомите на бременост, како што ти ги наведе, значи голема е веројатноста да си трудна но рано е да покажи тест, совет ако не ти дојде до понеделник дури тогаш направи си тест. И не се разочарувај и ако ти дојде, сите имаме различни организми, на некој порано на некој покасно, но битно е дека ке биде, треба да испиташ кога ти е овулацијата, може не ти е како на останатите, (пример, имам прочитано овде на форумов дека на некоја девојка овулацијата и била првиот ден кога и доаѓа менструација а повекето тогаш немаат односи и затоа неможат да забременат). се надевам колку толку ме забра што сакам да кажам, поздрав па пиши ни што се случило п.с. и јас имав циста пред 4 години но мене не ме болеше, така да не значи дека ако имаш болки мора да е циста, иди на лекар и види што ке ти кажат
Искрено фала ти многу,по се изгледа многу се испаничив,ке почекам да дојде понеделник па ке направам тест.Во секој случај фала на советот Senjorita.lombardi Поздрав
Ке ве молам за 1 совет превише испаничив деновиве , јас и дечко ми имавме незаштитен однос ама он сврши надвор ама после 15 минути, имавме повторно незаштитен однос и он повторно сврши надвор, сега ме плаши дали може од предсемената течност да останам бремена а иначе последната менструција ми беше на 8 март тогаш добив ми траеше 7 дена а односи имав на 27 март а сега треба да ми дојде на 8 април и сега иако знам дека има време зада ми дојде сепак се плашам имам некои симптоми на осетливост на гради, ме болат градите, кафеав исцедок, зголемено мокрење, и денеска за 1 пат мисе лошеше а досега немав таков симптом, и многу сум исплашена бидејки мојот дечко нее подготвен за брак и затоа сум превише исплашена
извинете сакам само да прашам нешто...треба да ми дојде за неколку дена,сабајлето имав неколку капки црвено-кафеав исцедок и имам тегоби во долниот дел од стомакот и овие болки ми се баш како пред да ми дојде.Не сме баш сигурни со дешко ми дека направивме нешто ама пак да прашам бидејќи се плашам.Немам никакви други знаци дека е можно да сум бремена баш напротив многу јадам,имам енергија,спијам како и нормално до сега...само овој исцедок од сабајлето ме замисли,можно ли е да има нешто?
Кога веќе имаш симптоми иако истите може да бидат и пред менструација направи тест вака само ќе се паничиш а нема да знаеш што ти. Ако незаштитен однос си имала само на 27 март сеуште е рано за појава на сите овие симптоми некои од нив се јавуваат барем после 3тата недела, но сепак почекај да поминат 2 недели и направи тест.