1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од macence, 19 ноември 2009.

  1. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Женски
    Мене мојата докторка ми рече дека по овулација настапува бел исцедок а тоа значело дека се лачи прогестерон и се затвара грлото на матката,зошто при овулација “се отвара” за полесно да стигнат сперматозоидите каде што треба.
     
    На sheis му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.844
    Допаѓања:
    19.411
    Пол:
    Женски
    Обично кога се доближуваш до овулација исцедокот се зголемува. Ако добро разбрав ти си пред овулација. Ако е без мирис и немаш иритација не се секирај.
     
    На sheis му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Да да пред овулација сум. Фала ти на инфо.:)
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Дали белиот исцедок трае само во плодни денови, бидејчи обично ми е така? Овој циклус прв пат ми се случува од плодниот ден па се до сега да имам обилно бел исцедок и страшно болни гради, веќе 12 дена, треба да добијам за 2-3 дена. :wasntme:
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  5. popins

    popins Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    250


    Neznam kako ama denes posle 2 nedeli namesto da cujam srce cuv Bebe nema. Ne se razvilo.
     
  6. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Женски
    Бел исцедок може да се има кога се ближи овулацијата,за време на овулација треба да е проѕирен и растеглив ама не е кај сите жени исто,обично по овулација пак продолжува бел исцедок,мене како ми се ближеше денот за да добијам имав и бел исцедок и како водичка,и еве бремена сум :D
    Нека ти закасни и направи си тест (fingers)
     
  7. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    2.410
    Жал ми е, биди силна. :l:
     
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.844
    Допаѓања:
    19.411
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал. Биди силна, ќе дојде нова среќичка. :l:
     
  9. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    1.243
    Пол:
    Женски
    Se osekjam kako vo sekoj moment da kje dobijam a Imam uste 12 dena do ciklus. (Imam isti bolki kako za dobivanje vo jajnici) Voedno, imav bel iscedok a sega e zolt, bez miris.
    Na sto mozam da mislam?
    Probuvame so mm posle 4 meseci pauza..
     
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    23.147
    Пол:
    Женски
    Чим е 12 дена до менс, овулација е, од 12-14 пред менс е овулацијата, бар по книга, нормално некоја има порано некоја покасно. Јас имав прошлиот месец прв пат болки во јајници кога имав овулација. Ептен е рано за некој симптом, пошо нели од однос треба околу недела дена до имплатација, така да многу е рано за било какви симптоми.
     
  11. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Пред 2 и пол недели имавме незаштитен однос со дечко ми 2 пати но се миевме после секој, и не забележавме ништо чудно т.е да сврши во мене. Дечко ми е една година и скоро секој пат сме имале незаштитен однос. Денот кога имавме според календарот ми било ден со големи шанси да останам трудна, само што јас видов дури сега. И да знам за карање сум, самата сум си виновна што не си следев тоа, и не дај боже нешто да биди за ум ќе ми биди ова.
    И сега ми касни 2 дена, но тоа не ми е некој проблем зошто скоро секогаш ми каснело по некој ден и сум имала нередовен циклус. Проблем ми е тоа што изминативе 3-4 дена се чувствувам многу чудно, никогаш не ми било вака. Секој мускул ме боли, секоја коска, и кичма и нозе и раце и и глава и се. Чувствувам и како некое пецкање околу левата града, многу кивам, многу често мокрам а тоа никогаш не ми се случувало, а од вчера чувствувам и тапа болка на јајниците. Што мислите, дали има шанси за бременост? И кога би било најдобро да правам тест?
     
  12. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.252
    Пол:
    Женски
    Ти доцни два дена, можеш уште сега да напраиш тест , дури и попладнево, Бисејф или Лабоквик препорачувам..
    Шанси секако има искрено да си бремена...
     
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.876
    Допаѓања:
    19.756
    Пол:
    Женски
    Ако ти касни, можеш било кога да направиш тест. Земи од најевтините, бисејф или лабоквик.
    Шанси има, да те караме нема :D
    Да те утешам малку, дел од симптомиве што ги спомнуваш ги имам секој месец пред добивање..
     
  14. Maay

    Maay Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    44
    Вика дека не свршил. За какви шанси мислите?
     
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.876
    Допаѓања:
    19.756
    Пол:
    Женски
    Предсемена :)
     
  16. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Направив self clear, само таков моментално имаше во зегин, негативен испадна. За некој ден ќе направам пак ако ми касни, во краен случај ќе испитам преку крв
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Не си бремена, не се боцкај џабе. Симптомите што ги имаш се на настинка, не на бременост.
    Од однос од пред 20 дена и на ехо се гледа бременост, не па на тест, не се замарај.
     
    На Emilija97mk, Maay, Angella7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Maay

    Maay Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    44
    Јас исто имав односи пред 15,20 дена. Една недела имав огромни гадења,дијареа, главоболка,несоница. Направив пред некој ден тест, навечер испадна негативен. Градите ме болат една недела и треба за 2,3 дена да добијам но многу се плашам. Што мислите има ли простор за паника? ( не сврши во мене , by the way )
     
  19. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Не.
     
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    23.147
    Пол:
    Женски
    Тест за бременост само clear blue за рано одкривање би ти покажал нешто ако си бремена, на толку рано правење тест. Тест обичен би ти покажал на ден на добивање и секако ако ти касни. Гадење, диареи,главоболки ако си бремена се нормални симптоми ама после 6-7 недела, се додека не ти закасни, единствем симптом е менструални болки, ете ако има имплатација да имаш благо крварење или болка во јајник која е иста како таа во овулација. Повраќање и такви глупости идат на ред од кога веќе ќе го имате и слушнато срцето на бебето.