Уште едно прашање: читав сега во Тест за овулација, тука на Фемина и имаше пишано една членка "Сабајле правев и не бев во овулација, сега правам и две цртки" , овој дел не ми е јасен. Нели може да се забремени ден пред овулација, за и ден после? Ако сабајле ми биле најтемни цртките, односи вечерта нема да завршат работа?
Зависи. Ако имаш позитивен тест утрото овулација може ќе настапи за 24часа ама може и за некој саат. Околу овулација треба секој ден да се имаат односи или барем преку еден ден. Јајце клетката многу кратко живее ама затоа спетматозоидите можат да преживеат мислам до 5 дена, така што убаво е да имаш односи пред овулација за сперматозоидите да ја чекаат јајце клетката спремни Инаку, кога ќе видиш дека цртката се затемнува т.е се ближи овулација препорачливо е да се прават два пати дневно тестови, затоа што пикот на ЛХ хормонот трае многу кратко.
Мојава дилема е следна, на 24 август ми беше последен циклус, оттогаш немам добиено, правев тест излезе негативен, ама цело време имам менструални болки,се мислам ке добијам, си закажав на гинеколог, инаку поминав две неуспешни инсеминации во мај и втората околу 9 ти август. Ваше мислење?
Да знам дека е негативен, ама што ме советуваш? Кога да напраам следно? Ова значи дека ми прошла овулацијата или? Немам точна менструација за да знам календарски дали сум ја утнала
Не можеме да знаеме дали си ја утнала. Треба да знаеш кој ден од циклус ти е и колку долго ти трае циклусот. Ако на пример ти трае 28 дена, околу 9-10 ден ќе почнеш со тестови и ќе приметиш кога линијата ќе почне да се затемнува значи овулацијата почнува да се наближува, тогаш почни да правиш тестови два пати дневно (на пример еден околу 12ч и вториот околу 21ч) и продолжи да правиш тестови се до добивање на позитивен тест. Тест за овулација никако не се прави со прва мокрача. И гледај кога ќе ги правиш мокрачата да е поконцентрирана.
Здраво Мамички јас сум 9та недела имам страшно гадење и повраќање вода да се напијам ја повраќам дали има некој со ваков проблем и како го решил фала ви
Најискрено, нема решение, ќе помине кога ќе влезеш во второ тромесечие. Јади по малку, крекери и слична храна што не ти смета. Пробај со антиметил таблети ама речиси и да не помагаат.
Жени убави, како крварите кога се алучува имплантација? Ние имавме незаштите секс со цел за бебуле во саботата, во четвртокот прокрварев малку, бледа крв , вчера ништо и денес пак неколку дамки... дај советувајте ме, не ми се случило ова до сега и малку се исплашив. Малку и ме болат јајниците,...Дали да одам на лекар одма ми е страв некој спонтан да не е или што да правам? ВИ БЛАГОДАРАМ,
На лекар нема да се види дали дошло до оплодување, за спонтан треба да се деси имплатација, после денот на добивање можеш да добиеш и да не знаеш дали си била бремена или па уште по лошо за жал да дознаеш дека си бремена, па после некој ден да прокрвариш. Имплатација се случува одприлика 5-7 дена после оплодување.Продолжете да имате однос секој втор ден се до денот на добивање, доколку не се деси овој месец, од следен месец секој втор ден е доволно за да се фати овулацијата доколку не знаеш точно кога ти е.
Denes mi se jade strogo soleno nestoo.najblisko od benzindka si kupiv smoku i ajran shto dosega smoki ne sum jadelaaa