Дечки ми треба мислење. Циклусот ми доцнеше повеќе од 5 дена. Добив и ми траеше 3 дена. Сега после неколку дена два дена по ред ме боли стомак и имам кафено розева крв. Дали има можност за бременост или тоа е се остаток од циклусот. Не знам што да мислам зошто баш пред тоа имавме и обид за бебе па да знам дали да купувам тест или не
Купи си тест најдобро зошто да се мислиш цело време . Кога се мислев дали да правам тест и се двоумев трудна бев па и тебе ти посакувам две црти
Имаше нормално крварење за време на циклус? И после некој ден пак кафеаво розева крв? Ако е така, не си бремена. Доколку си имала само бледа крв кога требело да имаш циклус тогаш можно е ама вака не верувам ама направи си тест за да си помирна.
Види, сум слушнала од рекла казала дека некои 2-3 месеци не знаеле дека се бремени оти добивале.. реално не знам лично таков случај и малце ми е чудно, ако имала некоја такво искуство најдобро да пише.
Здраво ми доцни 3 дена направив денес тест,ептен бледа линија. Имам повремено менструални болки и 2 пати имав блееда розева крв,ептен бледа. Дали е тоа можеби лажен тест и доцнење на мензис не знам од кпи причини или сепак бебе?
Направи уште еден. Бледа крв имале многу на почетокот, се додека немаш нормално како за менс крварење има надеж.
Антиментил не ми помага воопшто, оди на доктор ќе ти проверат бета можно да е спонтан најубаво таму ќе ти речат
Досега ова не се има случено да ми се пријаде мене нешто,од синоќа ми се јаде пица бурек сабајлето си купив 1/8 со јогурт.си ја изедов со сласт па и малку ми беше после неколку минути добив нагон за повраќање и сега ми е многу тешко се напив антиментил,и пијам минерална вода со лимон
Здраво, јас сум 6 недела од бременоста но претходно имав 3 спонтани абортуси сите беа во 6-7-8 недела од бременоста. Сакам да прашам дали знаете доколку е спонтан абортус како покажува бета хцг резултатот?
Бетата ќе паѓа, јас кога прокрварев првиот пат кога ме боцкаа имаше некоја бета вредност ама не многу голема, т.е. не одговараше со неделите, а потоа на 0 падна
Ништо нема да мислиш освен позитивно дека се ќе биде во ред, јас спонтан имав во 2019година, еве сега терам 10недела, и воопшто овој пат не помислив дека би ми се случило нешто, иако сум малку постара скоро 37
Градите во бременост од кога почнаа да ве болат? Јас последната бременост почнаа после 3,4 дена од ризичен однос т. е две недели пред добивање што никогаш не ми се случило. Еве и овој пат така почнаа да ме болат, си направив триста филма немој нешто да ми е, а немам ништо ни под пазуви, на гради, ептен сум за тоа претпазлива со редовни прегледи ама се испаничив. Се мислам,, ненамерно, "да не сум пак бремена, мислам и да е секако е премногу посакувана бременост , само што сакав психички да се спремам некој месец со оглед како поминав последните два пати. И сега ќе си чекам уште 10 дена до циклус дали има цртка или не
Здраво мене градите почнаа да ме болат негде 10,11дена по инсеминацијата значи толку од овулација имало поминато,и мислев ке добијам ама како поминуваа деновите толку ме болеа силно како никогаш претходно пред добивање,и на денот на добивање тестот две цртки