2 дена пред добивање имам кафеав исцедок ,а вчера имав незначителни пецкања во јајниците. Имаме незаштитени односи и посакувам втора бременост. Дали е можно да е тоа во прашање или ќе си добијам утре/задутре
На 18ти месецов имав ов, од тогаш до денес ме болат градите премногу и болка на левата страна (лев јајник) а бев на ехо во случај дане е циста но се е чисто и кремаст исцедок последниве 2-3 дена. Обично имам болка во гради и менструални болки 2-3 дена пред добивање. Мислење, дали некој имала слични симптоми?
Можно ли е 2 теста негативни а да сум бремена? 11 дена ми доцни. Матичниот гинеколог остана во пензија и моментално нема кај да идам на преглед.
Крвна слика не дава бременост, БетаХцг дава. Ама ако имало нешто на 11 дена доцнење ќе појавеше мислам. Јас би барала гинеколог.
Имаше една членка пишувано, заборавив точно која, ако си имала ризични односи ден два пред циклус можно е. Ама и не мора да значи. Реткост е ама се случува. Не остануваат сите бремени во плодни денови. Испитај си бета.
Кај мене беше така. 7 дена доцнење, негативен тест. 13 дена доцнење, негативен тест. Закажав на гинеколог да видам шо се дешава, на 18тиот ден од доцнење повратив и добив позитивен тест. Со тоа што сум имала покасна овулација тој месец
Бев на гинеколог, на ехо не гледа ништо. 12 дена ми доцни а во скоро не сме имале односи.Не знам што да мислам веќе. Мн ми е мачно и се нервирам
Ти кажаа за бета, види резултат, ако е негативен тогаш посети гинеколог и прашај што понатаму, испитај хормони.. не знам во тој случај што се прави ама не се оставај на наши коментари. Прво утре сабајле испитај бета иако на толку каснење треба да има точен резултат. Секогаш ли ти касни или само сега?
Нормални менструални болки, но на самиот ден на добивање кога бев во вц, при бришење имав густа жолтеникава и лигава течност (не знам како да наречам). И по тоа ми беше нешто сомнително и веднаш направив тест, и позитивен еве веќе 10недела сум.
Требаше да добијам денес, но не добив сеуште. Многу сум во дилема, градите ме болат веќе 2 недели, неколку пати имав лошење и нагон за повраќање. Денес мислев дека добив но кога бев во вц тоа беше голем жолта лигава течност и густа. Ме боли како за добивање, но погоре околу желуднилот, не кај јајниците, а болката во градите се намали. Градите ми се цврсти и отечени, зголемени.
А зошто не направиш тест туку се прашуваш и мачиш со денови?Јас имав вакви симптоми, ми покажа позитивен тестот 5 дена пред датум за добивање.
Ај консултација една жени Си пробуваме за бебе со мм и плодни денови ми пројдоа, арно ама од вчера имам кандида... ставам канестен вагибалети и се напив дифлазон од 150мг (така ми кажа докторот, телефонски) пошо ќе побудалев од чешање Во случај ако сум останала бремена, дали дифлазонот и канестенот би му штетеле на бебето или на целиот процес при зачнување? Не му спомнав телефонски на докторов и сега ме јаде мисла... ви благодарам