Здраво мила ❤️ Јас мислам дека имаш големи шанси за бременост, штом никогаш не ти доцнело освен кога си била бремена, значи има нешто Знам дека сигурно не ти е лесно, верувај многу убаво знам, ама мораш да собереш храброст и да направиш тест, инаку нема да знаеш на што си. Јас верувам дека ќе се израдуваш, доцнењето не ми изгледа за џабе Пиши обавезно што си направила, па те чекаме со најубавите 2 цртички на свет
Ти благодарам мила Се надевам дека Бог ме благословил овој пат, сите да си дочекаме ангелски очиња да ни се смешкаат
Негативен за жал премногу беше бајковито за мене мојот пат е доста тежок, ама се надевам дека еден ден ќе успеам. Од што би можело да доцни и зашто толку имам исцедок, среќа е без боја и мирис значи не станува збор за инфекција. Да не е и рано за тест но три дена ми доцни ооххх
Позитивен тест за бременост добив дури после 10 дена каснење , во меѓувреме имав направено уште два. Преку крв после 7 дена каснење добив позитивен резултат , доколку сакаш да си сигурна подобро испитај си бета хцг. Немој веднаш да се разочаруваш ! Ова ти го кажува девојка на којашто и беше кажано дека природно нема да може да забремени поради ановулаторни циклуси . Меѓутоа кога најмалку се надевав Господ ме благослови. Ти посакувам што поскоро позитивен тест за бременост! Нека Господ ги израдува сите коишто си сакаат детенце!
Ти благодарам душо за утехата се радувам искрено за тебе Бог ќе ни подари на сите па се надевам и на мене Останува да почекам па да видиме што ќе биде од ова
Здраво, Ми доцни 4 дена. На 27.03(вчера) направив тест беше позитивен, отидов на гинеколог меѓутоа нема ништо на ехо а и епителот ми бил слаб. Ми даде тест и кај него во ординација да направам исто позитивен испадна.Денес проверив бета, вредноста е 398.9. Што мислите, дали станува збор за нормална бременост?
Рано е за ехо. Треба бета 2000 да биде па да се види убаво. Можеш да ја провериш бетата за 2 дена да се провери дали се дуплира.
Ви благодарам за брзите одговори, тоа и планирам да проверам пак за два дена. Бројката на бетата се плашам да не е ниска според табелите со вредности за хцг само тоа ми е најмногу да не е биохемиска , зашо со првото бебе на 5 ден доцнење и веќе се гледаше на ехо
Не се плаши не си прави стресови пред време.Никој неможе да знае кога точно е зачнато бебето.Провери си бета за 2 дена ако се дуплира правилно ќе си отидеш за потврда за 10тина дена
Здраво, последна менструација ми беше на 22.01, никогаш не ми доцнело, ми доаѓа на 28 дена, ретко на 25-26 дена, освен еднаш исто ми доцнеше 2 месеци, направив тест беше негативен.Меѓутоа 4-5 февруари ден-два како да имав розеникаво, не ми течеше, само кога се бришев малце, овие денови сакав тест да направам но и овие 2 дена исто имам крв само кога се бришам, дали некоја имала нешто слично?
Здраво ,сакав да прашам дали некоја имала ваков симптом пред бременост премногу болни гради скоро една недела и болка во кичмата а сега се губи болката..утре треба да добијам ..незнам дали е предмензис или бременост?
Исти симптоми се, едните поминуваат другите се интензивираат. Најсигурна работа, тест. со среќа што и да посакуваш да биде резултатот
Здраво девојки Ме интересира бодежи и болки во долниот дел од стомакот дали може да се некаков ран симптом.. Или можеби некоја инфекција или настинка е иако бев пред некој ден на гинеколог се си беше во ред