Ајде направи тест, те чекаме да ни споделиш Инаку и ние сме во акција за второ, цел месец август бевме активни и еве сега добив. Малку разочарувачки ама ајде со нови сили , борби следниот месец многу сакав да се мала разлика децата ама како ќе каже Бог така нека биде
Направив тест сега негативен е Само контролната црта се обои, другото остана бело..го правев според упатството. Ќе почекам до петок ако не ми дојде ќе правам уште еден
Да се самоцитирам, само што забележав црвена крв при бришење Не ми е јасно како може постојано да сум надуена, да ме болат половината и стомакот, да ме боли желудникот и да осеќам гадење, да се чувствувам настината, прв пат да имам ваков исцедок и на крај да добијам Некој со слично искуство?
Една недела пред добивање сум. Ќерка ми е 21месец и решивме со мажот ми месецов да почнеме да планираме втора бременост. Немам никакви симптоми освен чудни менструални болки. Решив да верувам дека сум бремена па ќе јавам за неколку дена.
Можеби е имплантација почекај ден два.. и направи тест .. ти посакувам две цртки .. ама пак да си работите на случајот .. можеби е доцна овулација ...
Имам јас мн рана овулација секој месец и си ја сеќавам буквално. Ќе видиме за некој ден ама имам чудна некоја возбуда. Сите што поскоро да си дочекаат да видат две цртки нема поголема радост. Не верувај на тест без доцнење. На твое место одма би испитала бета не ради радозналост него поради чудните крварења. А иначе симптомите што ги имаш може и да се од настинка а можеби и од бременост. Ти посакувам позитивен исход.
Исто и ние почнавме со акција од месец август ама добив, сега со нови борби понатаму се е до психата, треба да се опуштам и така самото ќе си дојде ама тешко И јас мислев да не има нешто, зашто стално бев гладна а немав ниедни симптоми освен бодежи во јајниците и грчеви ..
На симптом гладна јас не можам да се ослонам бидејќи стално жива гладна сум Ќе биде мајче ако не овој нареден,понареден месец. Се што треба кога треба ќе си дојде... Со среќа
Здраво мамички и идни мамички. На оваа тема бев доста активна пред доста години, еве ме денес пак. Значи вака, мајка сум на син кој пред месец дена наполни 6 години и ќерка која за месец ипол ќе полни 5 години. Маж ми многу сака да имаме 3то дете, но јас не. Не дека не сакам, ама едноставно сметам дека ни се доста двете Е сега вака, овој месец мене ми доцни, требаше да добијам вчера по календарчето, а уствари мене веќе година- две секогаш ми доаѓа од 2-5 дена порано од предвидената дата. Ме заболуваат јајници ама онака не многу и чувствувам гадење кога одам во тоалет нема ни розево ни кафеаво, ништо... Нервозна сум, избувнувам многу лесно, ме облива пот, незнам ни сама како да се опишам. Инаку пред месец бев на гинеколог, правев пап и се си е во ред. Што мислите вие, имала некоја слично искуство?
Направи си тест и најубаво ќе знаеш на што си, имаш големи шанси за бременост штом не ти доцнело година-две Со среќа
Тест, имаш можност за бременост со симптомиве Мене знае така после преглед и пап да ми доцни, незнам зошто...
Леле, напротив 5 дена порано ми дојде после пап тестот. Незнам што да мислам, не мислам дека направивме работа ама од друга страна доцнењето ... Утре ќе направам тест обавезно.. Се надевам дека е од стресовите што ги имав на работа, некако за другото не сум спремна психички воопшто
Dobro utro Pusta zelba nemozam da docekam edna nedela pred dobivanje ovulacija na 5 septemvri nezastiten odnos na 1 i na 5 septemvri