Zdravo devojki, Vekje 5 meseci se obiduvame so mm da zabremenam.Ovoj ciklus 3 dena po ovulacija gradite pocnaa da me bolat sto ne e slucaj obicno 2-3 dena pred menstruacija.Deneska mi se 8 dena od ovulacija i cel den imam jaki bodezi vo sredina na dolniot del od stomakot i desniot jajnik.Pa me interesira dali imalo nekoj so slicni simptomi i dali ova moze da bide znak za bremenost?Treba da dobijam za edna nedela (5ti fevruari) Fala vi
Јас имав некое чудно боцкање во едно место во стомакот после овулација и градите ми беа отечени со изразени вени. И мирисот ми беше изострен ама тоа го сфатив откако дознав дека сум бремена. Позитивен тест видов 1 ден пред менструација со ееедвај видлива цртка. Ти пуштам среќа!
Девојки здраво, да ве прашам за мислење... утре треба да (не) добијам и сабајле правев тест меѓутоа негативен. Немав никакви симптови се до сабајле кога почнаа оние стандард болки во пределот на јајниците и долниот дел како за пред добивање. Цел ден сум со влошки во исчекување да пробие но кога одам во wc на бришење имам само розев исцедок кој од сабајле беше светло кафеаф а сега е светло црвен - розевкаст. Болките во јајниците и долниот предел на стомакот го имам сеуште, главоболка некоја блага и умор и поспаност. Што мислите дали да направам тест утре сабајле доколку не пробие или да почекам уште некој ден?
Да за жал проби. Ништо, следен месец со нови сили. Сакав да прашам дали да си продолжам со фолната да ја пијам и додека имам циклус? Не би требало тоа да менува нешто?
Мислам дека нема проблем, само ги полниш резервите. Јас не сум пиела пред забременување, нема никакво влијание фолната врз тоа.
Јас нон стоп пијам фолна и кога имам циклус, и тоа метилирана. И обична кога пиев не прекинував кога имав циклус, и гинекологот така ми кажа.
Може е малку смешно прашањево, ама ме интересира дали некоја останала бремена со нередовна менструација? И во случај на бременост, кога може најрано да се открие преку ехо преглед?
Јас да имав односи секој ден и уште првиот месец забременив, само потешко се следи овулација другото е исто. Почекај 2 недели барем после позитивен тест за ехо дека само точка ке се види.
Здраво девојки, требаше да добијам на 09.02 според Фло, со сопругот имаме незаштитени односи но не свршува во мене. Јасно ми е за ризикот. Денес ми е 33 ден, обично добивам од 27-30/31 ден. Во понеделникот направив тест лабокуик и беше негативен. Дали можно е да било рано за тест? Дали е можно да има "нешто" а тестот да не го детектирал доколку сум имала доцна овулација?
Незнам на кој ризик мислиш, ама ако не свршил во тебе , шансите да си бремена се мали, скоро и да не постојат.
Па не баш, може прснало нешто внатре, пред да го извади... Секој незаштитен однос по дифилт е ризичен. @Simon43nce направи си уште еден тест за два дена.
Феминки ми доцни 5 дена тест не сум правела сеуште а обично ми е точно на датата,никогаш не доцнело и обично една недела пред да добијам ме болат гради и ми се баш тврди на допир а сега ништо од тоа освен болка мала во јајници дали сте имале вакво искуство
Феминки,секс со сопругот на 17/18-ти ден од циклус,со свршување внатре.Дали ако се фатило може веќе овие два-три дена да чувствувам симптоми на бременост.Инаку сексот беше саботата вечерта и неделата