Мислев онакви симптоми-грчење на стомак,подуеност,студ.Дека во првата бременост ги имав,ама не памтам кога ми почнаа
Јас 11 дена после однос имав "симптоми", а немав појма дека сум бремена. Бев на роденден еден и кога ги видов сликите сфатив колку ми бил птечен стомакот. Истата недела носев тесен фустан и две колешки ме прашаа дали има нешто, а јас врска немав. Така да може и кај тебе е истата ситуација.
Здраво,ми доцни 9 дена, после 2 негативни на 2 ден доцнење и 9ти, исклучена е бременост. Градите ме пецкаат,постојано слаби грчеви за добивање, често мокрење и ред други симптоми што асоцираа на бременост. Закажав на преглед но многу сум загрижена ,некој со вакво искуство?Имам едно детенце и знам како беше со првата бременост... извинете на долгиот пост ,секој коментар ми значи. Последнава година не ми доаѓа како порано на 28ми ден, почна и до 34ти. Оваа последна менс е по 28 дена. Убав ден
Јас кога видов две цртки на тестот бев во шок. Мислев да кивнам дека ќе ми протечеше. Болки во стомак, болки во гради, нервозаааа… Правев тест да се осигурам дека не сум бремена.
Дали сега ги имаш уште тие симптоми, болки во гради, нервоза, болки во грбот десната нога и стомак Незнам која недела си Јас сум 10+6
Ова со неделите ми е каша попара хахаха По мојава апликација од последна менструација сум 12+2, во понеделникот на преглед 10+4, сега сум значи 11+2, она вика таман си е се. Тука негде сме јас и ти. Градите на моменти што ги имам ми сметаат и болат, прслук ептен по потреба ставам, ионака сум дома. За нервоза не сум ти репер, јас сум ти нервозна жена хахаххаха ама смирена сум некако сега, нервозна мајка нервозно бебе. Грбот заболува, ама па и јас со дијагнози сум си. Еве денес рацете ме болат, од рака до подлактица тој дел. Стомакот заболува ама легнувам , рака ставам и ми се смирува. Приметив дека на лева страна со перница меѓу нозе ми е најдобро и немам болки.
Мене градите многу болат а на левата уште повеќе и осеќам нешто како да имам, инаку сум со мастодинија на лева, пратам секоја год, ама оваа не отидов. И јас сум со дијагнози и право да ти кажам секој ден ми е стресен и со мн нервоза со тоа и не уживам во бременоста. Ајде само со лесно, значи тука сме Јас здравје 15 сеп. Ми е термин ако биде се во ред
И мене на последен преглед ми кажа 15.09 термин. Како рачунаат незнам, само да биде се океј. Еве денес цел ден го одлежав, матка ли се шири , што ли се дешава незнам, ама така од време на време ме заболува, на моменти се пристресувам дали е се ок.
Води се по датумот кој е израчунат кога прв пат слушнавте срценце. Најверодостоен е тој. После веќе бебе знае да расте побрзо, понапредно, па датумот да се менува постојано...
И јас исто.,на 01.02 последна менструација.односи на 11 и 15 а на 16 овулација зашо десниот јајник ме заболе..секогаш ја осеќам овулацијата..два негативни тестови ама ќе почекам..за претходната бременост 6 дена пред мензис ми покажа позитивен тест
Според апликација тие денови имав големи шанси за бременост.Овулација некогаш осеќам,некогаш не.Тест не сум правела,з'ш мислам рано е.И реков дека нема да се оптеретувам за бременост,штом почнеме со обиди ќе пуштам мозок на пасење,ама некако не бива.Само таму ми се мислите
Девојки, здраво Некое време се обидуваме за бебенце ама безуспешно. Сега неколку дена имам некои чудни симптоми за кои посакувам да се за бременост, ама тестот што го правев денес беше негативен. Имам болки во долниот дел од стомакот, брадавиците ми се премногу осетливи на допир, синоќа имав грчеви во десниот долен дел од стомакот кој траеше околу половина минута, од денес веќе чувствувам болка и во половините, нервозна сум и избувлива во последен период, очите ми светат како леки да имам ставено… дали овие симптоми се симптоми за бременост и дали без разлика што тестот покажа негативен, може да се работи за рана бременост?
Тестот многу често е и лажно негативен особено шур чек многу лоши искуство со нив имам. Симптомите и јас ги имав како болни брадавици и грчеви али не мора ништо да значи бидејќи се исти со симптоми на добивање. Сепак повтори го тестот за неколку дена или ако си нестрплива ќе си испиташ бета и ќе си знаеш на што си.
Девојки, пак јас на сите симптоми што ги напишав претходно, сабајлево имав и неколку капки крв на тоалетната, а тестот си е пак негативен. Дали постојат шанси да сум бремена?