Здраво девојки, ситуацијата ми е следна: Во периодот на плодни денови бевме активни но точно на денот на овулација по апкикацијата добив уринарна инфекција те ешерихија коли. Следеше период на антибиотук и многу лекарства и сега по апликација треба да добијам утре но јас немам никакви симптоми. Единствено од пмс симптомите кои ги имам редовно само добив акни на лицето и толку, нит гради ме болат, нит јајници, нит гради апсолутно ништо што не е вообичаено за пред добивање бидејќи секогаш ги имам истите. Исти да напоменам сум немала и никаков исцедок црвен розев кафеав значи баш ништо само некои пецкања во јајниците кои повремено се јавуваа пред недела дена ама во прашање беа секунди. Сакав да ве прашам за мислење доколку сте биле во иста или слична ситуација и дали да правам тест или да почекам уште некој ден. Последен мен. циклус добив на 04.02 и цуклусот ми е на 29-30 дена секогаш точен. Извинете на по долгиот пост
Сперматозоидите преживуваат во организмот до 48 часа. Еве јас инсеменација правев пред да ми настане овулацијата, терам трети месец. А ми се случувало без никаков сигнал да добијам. Да немам буквално никаква најава дека ќе добијам. Дури и тие денови ми биле и безболни. А денот кога добив позитивен тест ќе збудалев од нервоза, болки во гради, стомак и се со ред што следува. Причекај барем до денот за добивање и направи си тест. Ти посакувам среќа
Не сум сигурна дали можеби антибиотиците и бактеријата имаат улога во немањето никакви знаци за доаѓање, но бидејќи утре ми е денот ќе почекам барем до Вторник-Среда да дадам фора за некој ден плус со "доцнење" како не би се измачувала.
Bakterijata sto ja imas bash dava nelagodnost i bolka nisko kaj besikata. Od antibioticite ne ti e nemanjeto znaci. Napraj i utre test. Ajde da ne izraduvash.
Се се случува кога треба и кога најмалку ќе очекуваш. Не губи надеж. Незз колку време се обидувате и дали имате испитувања направено, некои витамини да си пиеш
Веќе 4 месеци како пробуваме, со следење на овулација со се... не знам дали постои можност да е сеуште рано или штом нема ништо сепак е некој друг проблемот што не добивам.
Ајде не се разочарувај веднаш, 4 месеци ништо не се. Ако прочиташ во другиве теми ќе видеш колку многу време се обидуваат членлите. Еве јас 11 месеци се обидувам, а пред ова се обидувавме 6 месеци, останав бремена ама за жал спонтан. Ако сакаш да си мирна направите си испитувања, ама немора да значи дека има нешто, сепак докторите препорачуваат до година незаштитени односи да не се крева паника, така да уживај, ќе биде кога најмалце очекуваш.
Три години борба водевме. Напрај си еден пап со брисеви, спермограм за партнерот. Гинекологот ќе те упати што понатаму.
Toa e crta sto se pojavuva i na pozitiven i na negativen test. Vtora crta treba da imas blizu taa crvenata.
Таа црта не е за позитивен тест.Се надевам и ти посакувам да си бремена ама ова е негативен тест барем така се гледа на сликата