@Gokaaaaaa Ваму треба да е линијата за позитивен тест, веднаш до другата. Еве кога ќе ги рачунаш сите линии на мојов тест со се таа ти што си ја заокружила.. има три.
Sekoj mesec PMS e da imam bolka vo gradite, mi se jade blago, gnevna sum, nemam trpenie. Ovoj mesec nema nisto od toa. Naprotiv, smirena sum, I epten malku bolki imam vo polovinata nadole. Nekoj da ne imal slicni simptomi I da izleze bremenost?
Не е тоа индикатор за бременост...циклусот и симптомите не се пишани какви ти биле и цело време да ти се исти... Сепак мораш да направиш тест пред да бидеш сигурна...
Здраво, ми доцни 10 дена требаше на 10ти да добијам (мене си ми доцни почесто не е нешто ново) но пред некои 5 дена иако ми доцнеше имавме со дечко ми односи и тој сврши во мене а јас еве сеуште немам добиено. Доколку направам сега тест би бил ли точен? Бидејќи поризично е тоа шо се деси пред 5дена отколку ова што доцни 10 дена бидејќи на мене ми доцни почесто. Стварно сега незнам зашто не ми иде не сум имала досега ваков случај. Не се плашам од бременост но сакам да знам бидејќи вежбам си пијам креатинпротеини…. Да знам сакам да си прекинам со време со креатинот Незнам сега дали би покажал точно тест.
Навистина ли? Бидејќи имам слушнато дека во бременост не се пие протеини и за доилки незнам зашто некои така мислат
Адаптираното млеко за бебиња има скоро ист состав како нашиве протеини. Општо, сите доктори викаат да се вежба, да се вежба, да се вежба и здрава исхрана. Со суплементи, витамини и додатоци не пунат, поготово кога станува збор за бременост, така да...
Здраво девојки, како се справувате со раните симптоми? Премногу јадам едвај работам поспана сум и само сок од,портокал пијам, расположението ми се мења 5 пати, иначе сум 5 недела
Иначе ако ви е од помош, 4 дена по овулација имав имплантициско крварење, осеќав чудно чуство во долниот дел на стомакот како пеперутки и немав пмс симптоми како вообичаено
Никако До 12та издржуваш се што ќе те дочека и после е полесно... од кај 7,8ма почнува лошење, гадење, повраќање.. кај која помалку, кај која повеќе... ама тие се симптомите кај сите. Големи промени трпи организмот и нормално е се
Здраво на сите последна менструација ми беше на 22.12.2023(со поличистични јаници сум ми доаѓа на 2 3 месеци),минатата недела бев на контрола докторот ми вели влегуваш во климактериум ама ајде да провериме хормони,кога стигнаа резултатите вели хормоните се во ред значи не си во климактериум само ти се мрзеливи јајниците,правев тест испадна негативен,болки во долен дел на грбот чести,што мислите дали покрај негативен тест и ништо на ехо има шанси за бременост нешто ме јаде одвнатре?(по што и за првата бременост на ехо немаше ништо а тестот ми беше со ептен видлива линија)
На ехо што ти немало ништо на првата бременост , а си имала ептен видлива линија е нормално. Јас со така малце потемна втора, па правевме бета , па преглед после некој ден за да видиме точка. Ако се сомневаш во бременост, направи си една бета. Таму најверодостојно ќе ти покаже.
Уште утре би пошла ама не сум во мк,а овде штом матичниот не ти издаде упат,нема како во мк да се провериш на приватно,ме буни и тоа што првиот тест што го правев пред контролата имаше ептен видлива линија ама имаше и како размачкана,можеби и не е бил во ред тестот по 1 ден го повторив негативен испадна и сега не знам на што сум,во овој период немаме ни одмор за да можам да дојдам во мк да си направам испитувања
Причекај уште некој ден, па направи повторно тест. Со оглед дека и немаш редовни циклуси , се е можно. А немаш опција да побараш таму упат за бета?
Барав но не ми дадоа,ми останува само да чекам,крај на месец доаѓам во мк,таму ќе си направам испитувања
Веќе 5 дена ми касни, не знам што да правам. Да направам тест сигурно веќе ќе покаже или да почекам уште некој ден може ќе ми дојде. За време на менструација имав незаштитен однос. По тоа што читам многу е мала веројатноста, но сепак тука имаше 2 членки колку што се сеќсвам така останале бремени.
Со 5 дена доцнење, тестот сигурно ќе биде точен. Иако со незаштитен однос за време на менструација, шансите да си бремена се речиси непостоечки.
Зошто незнаеш што да правиш? Идеш во аптека , купуваш тест и го правиш. 5 дена е доволно , за да покаже бледа црта барем.
Не правам затоа што не сум сигурна дека има шанси за бременост и дека ќе ми дојде. Да не се разочарам.