Стрес влијае на се. Може си имала доцна овулација. Јас на 31.12 имав негативен тест, веќе на 06.01 имав убави две цртки. Причекај уште некој ден.
Чекав да добијам во секој момент. Симптоми за добивање. Тек после 2 недели ми почна гадењето и гради болење. Градите и до скоро ме болеа.
Ти посакувам две цртки. Јас бев така чекав и дочекав....6 дена ми доцнеше амазнаев дека ми е од стрес...свадба правевме спремање трчање знаев дека е од стрес од кога ми дојде а цело време се надевав дека нема да добијам...сакав и да не дојди
Здраво треба да ми дојде за 4 дена. До сега секој месец уште 10 дена пред да ми дојде почнуваат болки во стомак. Овој месец дури овие два дена имам чудни симптоми( Чуство како долниот дел на стомакот да ми се развлечува на две страни,притисок на долната лева страна од грбот и малку болка во грбот,желбите што ги имам за храна пред да ми дојде благо и кисело сега ги немам наместо тоа цело време мислам на солена храна. Пред некој ден чуствував како празнина во долниот дел од стомакот.) Што мислите можно ли е ова да се симптоми за бременост?
Уффф сеуште не сум добила според апликацијата што го следам месечниот циклус требаше на 5ти овој месец да добијам но ништо до сега и денес направив втор тест и негативен е. Моментално сум во странство не можам да одам на гинеколог. Многу сум подстрес, уплашена сум и можно е поради тоа да не добијам но на одредено време имам некакви болки дали ми се тоа само од глава бидејќи постојано мислам или што…
Zdravo devojki, jas sum nova. So mazot mi vtor mesec se obiduvame za bebence, denes trebase da dobijam no nema nisto. Nekolku pati vo tekot na ovoj mesec pri naglo stanuvanje dobiv bolki vo dolen del od stomakot koi traeja 15 sekundi. Momentalno cuvstvuvam menstrualni bolki vo dolen del od stomak kako pred ciklus, a me bolat i gradite pogotovo bradavicite (simptom kojsto go nemam pred menstruacija). Molam za mislenje i vase iskustvo )
Нема разочарување мила, само позитивно. Што е наше ќе дојде, кога најмалку очекуваш. Ајде зимај тест и дај боже да си ги видиш посакуваните цртки.
На 10ти направив тест и беше негативен. По некое време прокрварив мислев дека добив и имав скоро два дена цела улошка ми беше полна, но сега сеуште имам крв на таолетна но улошката ми е празна. Што може да значи тоа
Како разочарување после 2 месеци обиди ... Воопшто не размислувај за разочаруваше.. има големи шанси да е позитивен,а и да не е (недај Боже,ти посакувам веднаш да си ги видиш тие убави две цртки на тестот) .. никако нема да се разочаруваш и тераш понатаму,нов циклус,нова уште поголема надеж! И мора да биде! Ти пишува жена што 5 години се бореше,паѓаше,плачеше,се разочаруваше на секој негативен тест што е нормална работа после толку време, ама имаше верба во Бога дека ќе биде,и на крајот успеа! Сега ги бројам последните недели од бременоста .. среќно
Девојки правев тест пред една недела ама од што сум нестрплива го направив после шопинг веднаш штом стигнав дома...и не го направив со пипета туку се измокрив врз него♀️покажа бледа црта,бев на гинеколог ме гледаше на вагинално ехо ми рече може е рано ме прати на бета хцг излезе негативен...за два дена треба да добијам имам многу горчлив вкус во устата, гради не ме болат стомак пред некој ден ме болеше сега не, ама ова со вкусов ме буни,ме буни и тестот на урина позитивен а бета негативен...Може некој совет?
Многу рано си го правела тестот. Почекај барем на денот на добивање. Инаку сите симптоми се скоро исти како со ПМС.
Здраво девојки,имам редовна менструација која ми доаѓа од 28 макс 30 дена,денес ми е 22 ден и при бришење две капки многууу многу бледа крв,не сум паметна веќе во која група да се обратам,малку ме исплаши дали е нормално да се добие и на 22 ден,сеуште не е пробиено ама тие капки крв што може да значат?
Овулација јас мислам дека ми помина по слуз,сабајле на ѓакичките видов густа бела слуз без мирис и да се избришам гледам на тоалетната капка крв ама многу бледа,сакам бременост но реално ме исплаши на 22 ден да видам крв не е ли многу рано
Па може не е циклус, може имплантациско, да се вгнездува во матка, а некогаш и се случува од промена на време, стрес, исхрана, да порани. Другарка ми добива од 22 до 25 ден. Кај неа тоа е нормално. Така е постојано. Ако те плаши оди на гинеколог за секој случај, вака ќе нагаѓаме.