Може да се случи и порано да дојде, на 22 ден, не е ништо страшно. Ако е имплантациско нема да имаш многу крв, ќе видиш денес утре како ќе ти биде.
Јас добивам на 26-27 дена, пред 4 години имав изразени симптоми и се тестирав на 24ден ми покажа бледа линија. Наредниот ден го повторив тестот, беше негативен и после тоа ми доцнеше 10 дена. Пак си купив тест имав 2 жар цртки. Со среќа
Сепак тестот е негативен денес пак правев од аптека само не можам да сфатам зошто првиот беше позитивен,можеби бил стар друго објаснување немам
Па подобар им е од вашиот осудувачки.Секој кога сака ќе прави тест и нема што тука да не можете да разберете.
А каде виде осудување? Прават тест после еден ден доцнење,па еднаш е позитивен,еднаш негативен,еднаш со крива црта еднаш со три црти Толку ли е тешко да се почека,или оди директно на гинеколог,само се стресирате самите себе..порано како било кога немале тест за бременост којзнае
Да толку е тешко, овде има членки што со години се борат за бебе, и секоја секунда до тест им изгледа цела вечност. Затоа темава е преосетлива и нема потреба од ваков тип коментари.
Епа затоа нема ништо да смени еден тест,и така се пола "шкарт" еднаш покажува позитивно,еднаш негативно
Па ако не осудувачки,тогаш е нападен .Не знам зошто на некој му смета ако некоја членка прави тест на ден доцнење,пред доцнење итн.Можеби на некој му е по стресно да чека,можеби му е подобро да си проверува.Секој е различен.
Затоа што мене на пример ми даде позитивен на 4 дена пред да требаше да добијам. Баш па на доцнење се прави затоа што излегува најточно, доволно е висока бетата да покаже на домашен тест. Плус има жени со мутации што од позитивен тест примаат терапија, важно е да се фати на време.