Постојат некои симптоми на бременост пред изостанок на менструација? Извинете ако некому му делува глупо, ама прв пат се трудам да останам бремена и сум помлада, па сакам да чујам искуства.
Освен имплантациско крварење, ништо друго... тоа дури и го нема секоја жена. Јас и чувствителни непца имав, незнам дали случајност или од бременоста беше... едвај миев заби, ме болеа, мн црвени беа и крвареа на миење...
Исти се симптомите како за добивање циклус. Може да имаш менструални грчеви неколку дена пред термин за добивање, болка во половина. Буквално оние симптоми што си ги имаш пред да добиеш циклус.
Се уште немам добиено, за 5-6 дена ми е време за добивање, е сега не знам дали ова што ме тера нон стоп на плачење и се осеќам подуено може да е за бременост или пак само ПМС, а и акни обично ми излегуваат пред добивање и сега си имам па не знам, акни сум слушнала дека може и во двата случаја исто да има.
Се уште немам добиено, за 5-6 дена ми е време за добивање, е сега не знам дали ова што ме тера нон стоп на плачење и се осеќам подуено може да е за бременост или пак само ПМС, а и акни обично ми излегуваат пред добивање и сега си имам па не знам, акни сум слушнала дека може и во двата случаја исто да има. (Извинете не сум приметила дека е 2 пати објавено)❤️
Тие симптоми ги немав... А слични се симптомите за добивање и бременост. Ако си имала нормална овулација во средина на циклус, тест и сега ќе ти покаже. Ама ако имаш доцна овулација, тест тек на доцнење... Почекај до добивање, па направи тест
Циклусот до сега секогаш ми бил редовен и добивам на 28/29 дена, ејакулацијата внатре беше на 15 и 16 ден од менструација. Утре одам по тест сепак Нестрплива сум...
Јас прв симптом и во двете бремености што осетив беше засилено чувство за мирис. Дури со втората бременост имав негативен тест, но знаев дека има бременост бидејќи осеќав мириси. Секој организам е различен, кај секој има различни симптоми, најсигурно ќе знаеш со тест или испитување на бета.
Zdravo, mi kasni 6 dena imam bolki vo gradive-drugi simtomi nemam.praveni dva testa eden na 4 den dosnjenje drug na 5 den-izlegoa negativni ,pravev i domasen so soda i imase pena. Predhodniot mesec piev klomifen i imav 2 folikuli (24 i 20) na 11 den. Dali e mozna bremenost ili pak nesto drugo?
Она со содата е живи глупости и знаеш дека нема врска. На 6 дена доцнење ќе покаже тестот ако има бременост. Да идеш на гинеколог, да не ти се направила циста од непукнати фолекули и поради тоа да ти касни.
I ja pomisliv na cista i se nerviram,inaku imav predhodno cokoladna i pravev laparaskopija ama ni togas ne mi kasneshe ni pa imav bolki.ke.mu zvonam utre na doktorot pa ke vidime sto ke kaze
Со историја цисти, треба да те остави да видите без кломифен како растат фолекулите. Имате пробано така?
Здраво, прв пат се обидувам да останам бремена, последен циклус на 14.07., позитивен овулациски тест на 26ти. Од пред 2 дена чувствувам повремено како стегање и боцкање во долен дел на стомакот, десно. Мислам дека овулацијата беше од десниот јајник бидејќи така осетив болка таму и во периодот на овулација. Дали и некоја друга имала вакви симптоми на почеток? Дали можеби е нешто загрижувачко или е нормално? Фала за одговорот.
Премногу е рано за симптоми ако ти била на 26ти овалуацијата. Инаку јајници болат од повеќе причини, само да не ти е неподнолива болка. Почекај да помине барем времето до еден ден да ти касни па да почнеш да анализираш. Барем по мене е така. Среќно!
Кај мене симптомите беа исти со оние за добивање. Имав имплантациско крварење, па и си мислев дека добив. Тек после почна да ми се гади од кафе па по тоа приметив.
На 30.07 ми беше ден за (не) добивање. Имав позитивен тест, се јавив на Др. но ми рече дека е многу рано за било што да се види и бодејќи следниот ден отидов на одмор ми рече 5-6 ден да го повторам тестот и после одмор на контрола. Момемтално немам ниеден симптом, освен што од вчера се осеќам прејадено, мешето издувано. Дали е нормално тоа?