Iskreno mislam deka e rano za mesto da ti e kako podueno, pocekaj, a koga trebase da dobies? Jas pa koga mi kasnese 2 dena napraviv test i bese negativen, tek posle 5/6 dena mi pokaza pozitiven Ama cim tvoeto sega pokazalo pozitivno ne moze da e lazno
Здраво девојки, на 1ви Август требаше да (не)добијам ама бидејќи имав незаштитени односи за време на овулација направив тест кој испадна позитивен. Од симптоми пред да добијам ми беа грчеви во јајници и матка, отечени гради, метален вкус во уста, препотување, пообилно бело прање, немање сила и мало гадење во желудник. Но од 1ви па наваму имам како болка во јајниците буквално иста како кога треба да добијам, апетит за јадење немам и плус имам грчеви и болки по цревата и желудник. Постојано ми врие во цревата како да сум настината. Уште еден симптом кој го имав а сега е намален е вагиналната бела слуз која пред да направам тест беше пообилна, а сега откако се појавија болкиве како да е намалена. Па затоа прашањето ми е, дали сето ова е нормално?? Искрено преплашена сум бидејќи првиот пат кога останав бремена имав спонтан абортус. Па со секој симптом се преплашувам да не дојде до тоа…
Ментсруални болки или болки како за добивање се нормални во рана бременост па и преку целата бременост, расчитај еден од најзастапените симптоми е. Вагиналниот исцедок ќе ти варира цела бременост, некогаш утоп некогаш помалку некогаш воден, некогаш погуст. Така да тоа е се нормално. Бидејќи си имала спонтан, најубаво да се консултираш со матичната да ти даде се што треба да пиеш од суплементи со време. Ти посакувам лесна и школска бременост.
Во понеделник ќе закажам преглед, се надевам дека ќе ми дозволам да отидам веднаш, бидејќи тука може да се чека 1 недела и повеќе… се надевам дека се ќе биде во ред.
Болки во стомак, подуеност и грчеви во цревата, кркорење, се едни од првите појави во бременост. Јас се имав извадено од памет така, до кај 12та недела подуен стомакот мислиш бремена, во 12та недела кога рече издиша... Трк на гинеколог, вика се е ок, нормално е бидејќи стомакот се полни со воздух од поголема работа на цревата и да направи место од зголемено лачење на хсг нели и затоа е така. И првата и втората бременост исто беше.
Исто ... многу бев поддуена, многу ми беше тешко и нон-стоп ждригав, а веќе од 7ма недела во градиве кај ареолите оган ми гореше ...
Na 30.07 trebase da dobijam. Napraviv test na 30.07, 01.08 i denes i site se pozitivni. A i imam redoven ciklus, nikogas ne mi docnelo
Да, но мене ме збуни тоа што до петокот имав доста симптоми за бременост, но од петокот натаму како наеднаш да изчезнаа. Имам само болки во јајници, кркорење на стомак и болки во половина, а сите други симптоми ми ги снема, се чувствувам како да не сум бремена и тоа ме испаничи. Денес бев кај гинеколог, само што си доаѓам од таму. Ми потврди дека сум бремена во 5 недела, но ембрион не видовме. Ми рече дека сеуште е рано, но од она што она може да го види рече дека се е нормално. Вагина нормална, кесата според неделите има супер големина и урината е уредна, немам никакви бактерии. Се надевам дека следен пат кога ќе отидам ќе слушнам срценце
Ако сакаш да чуеш срценце на гинеколог дури после 2 недели. Симптоми на бременост пред 11 недели нема, кој што сака нека каже, додека не достигне врвот хормонот. Ова ми е од доктор Митко Ивановски од Систина, се друго е прилагодување на организмот на новата состојба, лачење на хормонот, повеќе желудочна киселина затоа што се зголемува полека и волуменот на крв во телото и местење на органите во телото на новата состојба.
Чим е супер опушти се, секоја трудница за себе. Јас пример од 5та недела до 12та умирав од повраќање и мачнини, и на инфузија завршив дури. Другарка па еден симптом цела бременост немаше. Едноставно секој организам е различен, и ние во 5та видовме микроскоп точка. Тек во 7ма слушнавме срценце. Така да уживај и за две недели ќе слушнеш и срценце. Подуеност е нормално, мене во 12та ми спласна наеднаш стомакот, претходно ко квасец подуена бев. Симптомите ќе ти варираат, и тоа е нормално.
Како нема симптоми пред 11 недели? Не сме сите исти и не важи за секоја. Овде имаш членки што се со симптоми и пред позитивен тест. Јас имав грчеви како за добивање недела или две пред да правам тест. Иако и касно го направив затоа што сум со нередовни циклуси и си чекав да добијам. Подуеност имав цело време, гадење наутро кога станував, а само два пати повраќав. Имав и киселини. Само што влегов во 9 недела симптомите наеднаш ми престанаа. Од тогаш наваму исто како да не сум бремена, освен што расте меше. Нормално е, не паничи. Нареден преглед ќе си слушнеш и срценце и се ќе биде во ред. Јас бев 7 недела кога слушнавме срценце, намерно матичната ми закажа подоцна преглед.
Така е, и тоа врвот хормонот го постигнува во 9та недела. Јас од 5та умирав, претешко ми беше. Секој организам е различен. Пошо она што го поминав ако не се симптоми не знам што е.
Епа исто и јас му реков, абе викам ми се гади како немам, буквално ден после тестот ја почнав со ждригање и гадење, вишок киселина, вика аутосугестивно. Иначе грешка сум пишала 11 не знам зошто, 9та недела ми рече. Вика тоа гасови, тоа ждригање е нормално, е после 9та вика почнува гадење и повраќање, јас не повраќав додуша, не знам тоа али ждригав многу и подуен ми беше стомакот. И тоа ми го објасни како што пишав погоре. А болките ги имав до скоро крај на 4ти месец, па 3м одмарав и од 7ми натака пак почнав да лудувам, се ми беше.
Овој да тест за бременпст позитивен е, со среќа лесна и школска бременост да си имаш. Ме збуни со другиот тест
Е да, и гасови имав, нив ги заборавив ама па јас имав гадење и пред тест, заради тоа и го направив. Инаку уште ќе си чекав. И осетливи ми беа брадавиците, и уште се, некогаш повеќе некогаш помалку, ама тоа не престана. Кој знае како стручно гледаат на тоа, за нас се симптоми.