Денес повторно правев бета ХЦГ, и најточно сум 6та недела бремена, и беше околу (1180.1)! А пред 11 дена ми беше 726.3 Дали е во ред ?
Бета се проверува на 48 саати, во иста лабараторија и близу исти саат. Бетата на 48 саати треба да е дуплирана. Провери за 48 саати во истата лабараторија и гледај доколку можеш да е приближно исто време како што си била денес. Беше до кај матичната да те види? Знам беше по клиника и малце паника ти направија.
Бев кај матичниот да, сакусот пред неколку дена беше 6мм, а денеска беше 4ипол мм, хм малку смалено,ама докторот рече дека биологијата на моето тело била на моја страна и тоа се мачело за да се задржи, ми покажа на ехо се, и крвните садови и тоа дека околу некого што е тоа крварам а како тоа да не сака да излези хаха инаетче, и кажа дека во ехото немало врска аку е нешто минус 1мм, најдобри било преку бета ХЦГ. Така да останува се на тоа да чекаме, и продолжувам со дабростон. само не ми е јасно и ако не расте, пред 4 дена било 6мм, како може да е смалено на 4ипол мм?
Не е во ред. Треба да прекинеш терапија и да видиш дали ќе се исчистиш сама. Те молам побарај си второ мислење и многу ме интересира кој е докторов ако не ти е проблем да кажеш.
Па искрено не сакам да именувам така бидејќи сите се од секого различно задоволни, побарав и второ мислење истиот одговор го добив, ако по 48часа не е дуплирано, значи неуспешна бременост, и ќе чекаме да го исфрли телото само, ако не преку таблети ќе ми даделе за да се исчистам, бидејќи е многу мало, и не било убаво баш со инструменти да ме гребат по матката
Како и да е, мислам дека нема ништо по мое здравје, и подобро ако не е за мене, да си се исчисти само како циклус
Ама ова не е дуплирано правилно душо, затоа и така ти кажува членката. Плус не треба да се намалува, треба да се зголемува. Ајде со господ напред може и лошо измериле претходно. Дај боже се да е во ред.
Да може и погрешно да измерил, мадс со мене искрено и него му реков дека ми се гледа денес како малку поголемко, зошто пред неколку дена само обилно како кругче беше, а денес не изгледаше така како до некоја минимална формичка Како и да е, тоа сепак е пораснато од 700 и нешто до 1180, можеби не правилно како што треба ама пак де покачило колку толку Ќе видиме среда со господ напред Што и да е, не е страшно❤️
Бетата 1180 требала да биде пред 10 дена. Не ми е јасно како на таа бета и смален сакус ти продолжува терапија. Каква биологија кога оргамизмот се бори да го исфрли тој со терапијата го кочи. Леле од вакви доктори коса ми се крева. Кој и да е нека си ја затвори ординацијата за општо добро. Тебе од се срце ти посакувам што побрзо да си се оствариш како мајка
Па да ти кажам докторот е добар доктор, и стар, и на мајка ми ја породил и со мене и брат ми, со двајца што се консултирав, ми рекоја дека нема зиан од апчињата, ако телото сака да го исфрли и да примаш и апчиња и инекции ништо од тоа нема да го спречи Иначе фалаа, дајбоже сегде само за убаво И после ваков спонтан, после колку време можеш да пробаш пак за детенце?
Ама јас не сфаќам и да не расте сакусот, како може да е смален, јас се мислам дека денеска не ми измери убави, бидејќи добро памтам како беше пред 1 недела, а како е денеска Има различни случаеви, јас знам случај каде бета хцг беше само (21) а детеро е родено здраво и живо Сма вакви случаи се 1 на незнам колку
Од 700 до 1180 за 11 дена е премало покачување, неправилно што значи има проблем во развојот на бременоста. Треба дупло или речиси дупло за 48 саати. Може некоја имала бетата 21 на скрос почеток, ама продолжила да расте правилно. Те молам ангажирај се посериозно, докторот не ти е добар, како може ехото да не е показател туку бетата? Знам дека сакаш доктор кој ќе ти кажува позитивни работи ама овој со прогестеронска подршка на ситуацијава може да ти направи проблем.
Или подобро да не си ги пијам дабростон ич, само фолна и магнезиум па може побрзо да ми го исфрли телото
Никој не е доктор тука затоа те советуваа да побараш друго мислење со детално ехо ако стварно не е ок плодот подобро да прекинеш терапија и без киретажа да поминеш, отколку прогестеронот да го бави процесот и да завршиш на киретажа. Жал ми е што минуваш низ ситуацијава со не посветен доктор.
Ако се откачиш од терапијата побрзо можеш и нареден циклус одма да пробаш, или евентуално еден циклус да паузираш колку да се стабилизираат хормоните па да пробаш. Се смалува затоа што е нефункционален, не знам како да објаснам, "не е жив", се суши. Да е нормална бременост овој преглед требаше да видите и ембрион веќе, пошто пред една недела имало сакус од 4мм. Не е проблем во бројката на бетата, проблемот е во растењето. Ако пред 11 дена била 700, пред 9 требало да биде минимално 1400.
I jas se zalam samata sebe, ama dobro e barem mi olesna malku, si prifativ deka toa treba da se desi i toa e toa. Bas sega se konsultirav so uste 2ca doktori i tie rekoa deka, i da gi pijam dabroston do slednoto beta hcg nemalo nikakov zijan, deka sto i da pies aku teloto ne ti go prifaka plodot i ne e kako sto treba, ke si imas spontan, deka nisto ne moze da go spreci toa Ama podobro da si iskrvaram Isto e toa kako ciklus taka?
Да баш си бо право, ајде здравје што побрзо да биде друга бременост, и се да е во ред како што треба Ништо страшно подобро сега на почеток што е вака.
Да мила. Јас си сум паничарка по природа и малку потрагично сфаќам се хаха, плус сега и хормони се измешано уште толку. Јас и малку си се уплашив и мене да не ми се случи нешто да се искомплицира, а и сите доктори и блиски луѓе што поминале низ ова рекоја, тебе здравствено ништо не може да ти се случи, ќе си го сфатиш како циклус и побрзо и полесно ќе помини!! Ама умот како да си го насочам кон позитивно (I don’t know) haha