1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од macence, 19 ноември 2009.

  1. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    Не било за тебе, ќе си чекаш тоа што е твое и тоа е тоа. Некогаш нешто не зависи од нас, што и да направиме ние не можеме да го смениме тоа што треба да се случи. Немој да се разочаруваш, оди силна кон својата цел.
     
  2. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    119
    Како јас да сум го пишувала ова. Иста сум и јас паничарка огромна. Еднаш веќе имав спонтан, тоа беше огромен шок за мене. Постојано се прашував зошто, но сите гинеколози кај кои бев ми рекоа дека нешто не било во ред со плодот и дека подобро што уште на почеток сум се исчистила. Три месеца правев пауза после спонтаниот, и цело време живеев во страв, дали следниот пат ќе биде се во ред. Сега сум втор пат бремена и сум во страв, бидејќи 5недела, но сеуште не видов ембрион. Некако многу работи ме потсеќаат на првиот абортус. Болка во половината, во карлица неиздржлива. Денес после преглед кога отидов во вц видов крв. Се тешам дека е од прегледот. Но и претходно сум била на преглед па немало крв. Многу ми е страв, се плашам втор пат да не имам спонтан. Зошто тоа се случува, никој не може да ми објасни. Што ќе правам понатаму?
     
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Дали се консултираше за крвта со матичната?
     
  4. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    119
    Не, чекам да видам што ќе се случува, бидејќи само еднаш избришав крв. Ако и понатаму продолжам да бришам крв нормално дека утре пак ќе одам на гинеколог. До некаде и јасно ќе ми биде што се случува.
    Денес и кажав дека имам болки во половината и во јајниците и таа ми рече дека тоа е нормално.

    Инаку не живеам во Мк, а тука ако дојде до тоа не даваат никакви лекови, оставаат да видат сам организмот да се избори.
     
  5. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    32.848
    Пол:
    Женски
    Леле, вака кога ве читам, фала му на Бога што за време на бременоста сум си во Македонија и докторите се многу позагрижени и поспремни од тие во странство. Едно нешто мало да не ми штима одма замарам по вибер и одма враќаат, а не па да морам да се помирам само со 2 ехо макс во бременоста како што е во странство. :fubar:
    Како бе тоа така како организмот ќе се избори? Па за што се измислени тие лекови, прогестеронската поддршка?
    Катастрофа .

    Ти посакувам да биде сѐ во ред и да си земеш живо и здраво бебе во раце:f:
     
    На Elliana, baguf4e и Batterfly93 им се допаѓа ова.
  6. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    119
    Што да правам и да сакам поинаку нема. Морам да чекам до утре. Но ако втор пат ми се случи абортус дефинитно одам за Мк за да направам испитувања. Тука не сум сигурна дали нешто ќе превземат и ќе испитаат.
     
  7. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    32.848
    Пол:
    Женски
    Многу добро те разбирам, јас сум со еден спонтан па добро знам низ што минеш. Те молам само не губи верба. Не значи ако имаш крв и дека е одма најлошото, има трудници кои што имале крварење па на крајот си родиле здраво, право бебе. Ама нормално секое крварење во бременост мора да се следи, таму незнам зошто така прават, стварно се безобразни и без трошка емпатија спрема трудници.
     
    На Batterfly93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    119
    Дали после спонтаниот, имаш повторно останата бремена или пак можеби веќе имаш детенце?
     
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    32.848
    Пол:
    Женски
    Да мила, со Господ напред сега сум бремена :l:
    Ќе биде кај сите, само нормално треба да се најде проблем. Еве кај мене испадна дека имам мутации па сум со клексан од сам старт, а со спонтаниот не примав.
     
    На TamDi и Batterfly93 им се допаѓа ова.
  10. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    119
    Супер, се радувам кога ќе слушнам вакви вести :clap: ти посакувам успешна бременост и се надевам дека и јас ќе слушнам добри вести :l:
     
  11. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Исто пред една недела осеќав симптоми како болки во половина, поинтензивни болки во градите, грчеви. Сега од пред некој ден се ми снема дури и градите помалку ме болат. Во понеделник сум на преглед така ми закажа докторката тогаш треба да биде 6ипол - 7 недели од бременоста. Ќе видиме. Сега осеќам само дека ми сметаат некои мириси и имам одбивност кон некои намирници. Гадење немам само не ми оди да јадам некои работи што претходно ги сакав.
     
    На Batterfly93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    119
    Исто и јас гадење немам, сега ми се смирија цревата ама пак ни апетит немам, зорле јадам и пијам.
    Те чекаме во понеделник да не известиш, што ти кажале :)
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки по точно 11 месеци обиди за бебенце,имајќи ги сите симптоми дека ќе добијам иако ми касни оставив да не правам тест бидејќи и кичмата и стомакот по малку ме болат како пред добивање,неможев веќе да чекам и сабајле со прва мокрача направив тест и искочија две цртички(едната јака а втората послаба но многу јасна),но ме плаши сто сеуште имам болки како секој момент да ќе добијам дали била некоја со вакво искуство дали имам простор за паника или?
     
    На Izzy_0504 и Batterfly93 им се допаѓа ова.
  14. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    8.232
    Пол:
    Женски
    Пред се, честитки за позитивниот тест.:inlove:
    Од искуство, а и повеќе членки ќе ти потврдат овде дека многу честа појава е да се има болки јаки како за добивање. Јас мислев дека во секој момент ќе добијам, баш тој месец воопшто не очекував бременост, на друго место ми беше паметот. Ама дека активно пробувавме долго време, а имав тест дома, реков ај ќе го направам тестов да се осигурам дека е негативен, па може ќе ме пушти психата и ќе пробие да не ме мачи.
    И излезе позитивен. Еве сум 18+ недела, уште од време на време имам благи менструални болки и грчеви.
    Ама добро се сеќавам, неколку дена пред и на денот што ми беше за добивање имав потечени гради и болки и сите останати симптоми за добивање.
    Направи си една бета хцг во лабораторија да си бидеш мирна и со лесно бременоста.
    Едит: и земи си витамини, фолна киселина во консултација со матичниот гинеколог.
     
    На emal21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу,да се радуваме сите на убавите вести :$
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.995
    Допаѓања:
    15.529
    Пол:
    Женски
    Честитки пред се.
    Јас кои болки ги имав, мислев ќе ми дојде во секој момент. Направив тест за да се осигурам дека не сум бремена, ама две цртки си искочија.
    Си имав болки уште некој ден, а после тоа така по малце ме заболуваше стомак, ама тоа од што се шири матката.
     
    На emal21 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу,секако ќе посетам гинеколог но вака тука сме си за утеха многу вредни.
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.876
    Допаѓања:
    19.750
    Пол:
    Женски
    Јас срц имав касна овулација и 7 дена по доцнење на менструација со сите можни симптоми за добивање имав и негативен тест.
    И бев пусти бригу на весеље, ќе добиеш кај и да е. Епа "ќе добиеш кај и да е" ќе прави 3 години во декември :D
     
    На Rozevata, Izzy_0504 и emal21 им се допаѓа ова.
  19. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Кога ве читам вака цела се ежам,нека се живи и здрави и дај боже сите да се радуваме
     
    На Positiv Girl и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  20. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    2.591
    Честитки :hug: имав и јас болки како да ќе добијам, некогаш посилни, некогаш поблаги и ги осеќав одприлика првите 2-3 дена доцнење и некаде до крај на 5та недела - повремено. Уживај во бременоста, нека ти е со лесно :sun:
     
    На emal21 му/ѝ се допаѓа ова.