Пред точно 6дена имавме однос нормално сакаме бебче вечерва имав вртоглавица и ми се повраќаше, дали е можно или е премногу рано?
Здраво, веќе некое време пробуваме да останам бремена. Минатиот месец баш бевме активни со пратење на плодни денови, овулација и сл. Веќе 2 недели имам некоја тапа болка кај јајниците, на моменти како грчеви (никогаш не сум имала толку долго пред циклус). Вчера патувавме на кратка релација, толку мн ми се гадеше, до повраќање. Немам апетит за благо како што обично имам пред добивање. Деновиве имам и запек. Терминот за добивање ми е за 2-3 дена. Сакав утре да направам тест. Дали би покажало доколку има бременост?
Мислам дека да. Колку време има поминато од ризичниот однос ? Ако се поминати 10тина или повеќе денови, би требало да имаш бледа, па ако не и убава втора цртка. Со среќа!
Здраво. Јас сакам да се информирам за нешто ама незнам каде да поставам вакво прашање од што никогаш не сум прашувала за овие теми и и дека сакам чисто да знам што може да доведе до изгубување на плодноста , кои работи и кои навики се тие?
Знам дека е рано ама од што толку сакаме секој симптом ми алудира само на тоа.... дај Боже и јас тоа го викам
Јас купив тест кој може да се направи 6 дена пред добивање, го направив 5 дена пред добивање и ми испадна втора линија но бледа. Откако ми помина денот за добивање направив уште еден тест кој беше позитивен, а тоа ми го потврди и гинекологот. Се надевам дека сите ќе видите две цртички, знам која радост е таа. Јас уште да слушнам срценце и малце да се опуштам…
Ако се имплантирало значи веќе се лачи бета и може после ден-два да покаже бледа црта, зависи од тестот.
Здраво, сакам да поставам едно прашање.. Последна менструација ми беше на 28.07 а овулацијата ми заврши на 12.08. На 19.08 правев тест и испадна негативен, по препорака на гинекологот требаше да почекам до 25.08 за да го направам тестот. Имам болки слични скоро на менструални уште од пред неколку дена, траат 20тина секунди и после еден час повторно. Прашањето ми е дали е можно да постои бременост со негативен тест?