Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од macence, 19 ноември 2009.

  1. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Дали секогаш има зголемен вагинален исцедок доколку дошло до зачнување? 10 дпо сум денес, до вчера имав воденкаст исцедок денес ништо, значи ли тоа дека и од месецпв ништо?
    Секаде читав дека доколку дошло до бременост се зголемува исцедокот
     
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.717
    Допаѓања:
    16.334
    Пол:
    Женски
    Нема правила, кај мене немаше зголемен вагинален исцедок.
     
  3. Cvetce_

    Cvetce_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Јас 11+3 дена денеска и овие дена два пати ми се заврти ама онака секундарна вртоглавица како вибрации осетив во главата, дури не знаев ни што ми се случи, од паника пулсот ми се качи в небо, мерев притисок 130/80 после 15 минути откако се смирив падна и пулсот и притисокот.
    Важам за многу голема паничарка и порано сум имала и панични напади, не ми требаше ова сега со вртоглавиците а три месеци никаков симптом немав освен на почеток изоставен апетит. :)
    Ќе направам деновиве крвна слика да не е паднато железото, пред месец дена супер беа резулатите.
     
  4. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    796
    Пол:
    Женски
    Замор цветче, а и циркулацијата сега е поинаква и не прави нагли движења мене два пати така во туш кабина ми се слоши првиот пат сама бев и мн се исплашив дојдов до кревет и седнав и седев така додека се нормализирам.. После ми беше страв му викав на сопругот сама не се бањам седи на шоља ако сакаш или со отворена врата да ме слушнеш.... Поминува сега пазам не мн топла вода, не нагло наведување, станување од кревет. Немој само да паничиш.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    2.013
    Пол:
    Женски
    И јас на два три пати имав забрзано чукање на срце,вртоглавица и како паника некоја да беше...мн ми е страв и мене претходно и јас имав панични напади и бев со терапија,еве скоро 4 месеци сум без терапија но ми е страв да не ми се вратат :worried:
     
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.669
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Бидејќи имам поминато анксиозност, само ќе ти кажам дека и да почнат некои стравови и паники, веќе ќе си свесна дека се тоа и нема така лесно да те победат. Така да опушти се и максимално уживај во бременоста.:l:
     
    На Cvetce_ и LanaDelR им се допаѓа ова.
  7. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    2.013
    Пол:
    Женски
    Така е мила,но знам дека стравот може ќе биде и поголем сега,тешко е да се контролира но молам господ да биде се во ред,зошто ако почнат да се враќаат искрено незнам што ќе правам :l:
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.669
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Баш напротив, сега ќе си појака.:l:
     
    На imjustagirl, LanaDelR и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  9. Cvetce_

    Cvetce_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Знам дека се нормални симптоми вртоглавица, поготово овој период.
    Исто така мн ми е испореметено времето за спиење, навечер не спијам до 5 и кога ќе легнам др ден до 14 часот ме нема :)
    И многу слабо се движам, повеќе сум во лежечка позиција, во денот ако испешачам 10/15 мин и тоа сега на ладново и снегот ни толку некогаш.
    Два месеци рутата ми е спална-кујна-тоалет-спална :D

    Нека се крени снегот па да имаме некои активности оти не сме болни скраја да е :)
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marry M

    Marry M Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2020
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Devojki molam za mislenje!
    Na 21jan treba da dobijam, denes imav rozov iscedok, dali e rano za implantacisko krvarenje?
    Nekoj so slicno iskustvo?
     
    Последна измена: 16 јануари 2025
    На Kali4 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sparkleangel

    Sparkleangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2021
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Здраво дали кафеав исцедок два дена по ред може да се смета за симптом на бременост(имплантација),инаку со пцо сум не можам да следам плодни денови,обично пред циклус ме болат гради а сега не а болки имам во стомак ко да ќе ми пробие во секој момент,некој со искуство да каже какво е имплантациското по боја и колку денови обично трае?