Девојче на 26ти пишуваше дека имаш овулација и прашуваше дали можеш да ја измереш со тест за бременост.Ако си имала на 26ти овулација,како можи за 4-5 да си бремена?
Повеќе членки примаме клексан Имаш пишувано многу во темата генетски мутации (Се мисли на тромбофилија)
Јас ... Амин веќе истерав до 18недела можеби не е од нив ама помогнаа многу.. Повели имаш некое прашање
Здраво! Сакам да ве прашам вие што сте останале бремени, од кога ви почнале симптомите на бременост, како на пример болки во градите? Дали веднаш после некој ден од овулацијата или после неколку недели од овулацијата? Верувам дека кај секого е различно ама чисто да знам... Позз
6 недела од бременост. Односно после каснење на циклус и после позитивен тест. Се предходно е исто како пмс.
Кај мене двете бремености до пред каснење немав разлика од пмс. 2 недели пред да треба да добијам гради ме болат обавезно. Е првата имав имплантациско крварење една недела по однос мислам. Вторава ништо.
Девојки здраво, најпрво извинете за сликата, имав спонтан во 26та недела, пред 6 месеци, потоа правев хистероскопија поради септум. Месецов работевме на бременост, обично сум добивала на 30 дена, денес е 28 у јас од вчера попладне имам ваков исцедок, многу малко по неколку капки и на бришење со чудна розева до црвенкава боја, направив тест сабајле беше негативен. Вчера бев на ехо ама не ми кажаа ништо, баш прашав дали имало овулација рече не се гледало ништо. Ендометриум беше 6мм
Здраво девојки, имам позитивен тест за бременост и бетс хцг 300 на 31ден од циклус, постојано имам болки како пред менструација долен дел од стомак и кичма веќе 3 дена, некоја со вакво искуство?
Јас немам испитано бета. Денеска добив позитивен тест на 34ти ден од циклус. Имам болки како за добивање и исцедок. Гради балон. Нормално е за рана бременост но дали некоја од вас пие нешто од витамини или слично ? Немам појдено на доктор уште.
Честитки Појди до аптека и земи си пренатални витамини дури до отидеш на лекар па после претпоставувам ако има потреба од нешто дополнително, ќе ти каже докторката.
Јас направив тест ради чудниот бел исцедок што претходно сум го немала (не станува збор за инфекција), и градите болни и огромни. Инаку препорачливо е фолна да се зема, закажи си кај др, обично за недела дена закажуваат. Со лесно
Надуеност во случајот кај мене , све друго исто со пмс. Никогаш не сум била така надуена, пантолоните не ме собираа за раб.