Каков ти е исцедокот, исто како за пред добивање или има разлика? Девојки, кратко прашање, на кој ден после овулација би покажал тестот доколку има бременост?
Најрано 10-11 дена после овулација некој посензитивен, но оптимално 14. Кога се работи за домашен тест, ако се направи рано може да не покаже а да има бременост, затоа ако правиш порано и е негативен, повторуваш пак.
Најдобро 14 ден. Остај тестови што пишува после 8 дена, само џабе фрлање пари. Мене буквално иста црта ми покажа и најефтиниот и најскапиот.
Исцедокот е ист, со бело жолтеникава боја малку со зголемен интензитет. Единствена разлика од претходните циклуси ми беа градите, останаа подуени цело време и еве уште е така. Тест направив од обичните лабоквик во 15часот попладне и одма првите 5 секунди почна да се бои линијата. Не се оптоварувај да купуваш поскапи тестови ќе си фрлаш пари џабе.
Да се пријавам и јас. Има ли некоја другарка од пред 5г активна тука ? Симптомите исто пмс, многу нервоза имав направив од шашма тест и испадна позитивен, втора бременост. Ехо уште не сум направила веројатно 5недела и 4 дена сум Она што ме мачи е симптомите ми се испогубија гадливоста, лошењето. Градите ми се се' уште подуени и стомакот. И си отварам секирации, вас ви прекнуваа ли симптомите? Сум заборавила
Јас немав никаков симптом освен зголемени гради и малку болка во јајниците ама тоа беше зошто имав зголемени јајници од кломифенот. После дури кај 8ма недела почна да ми се лоши ама само навечер, до кај 12та недела.
Здраво Милки, јас сум од поодамна, но се сеќавам убаво на симптомите кои ги имав исто како тебе, само на почетокот, потоа скроз исчезнаа. До крајот на бременоста немав скоро никаков симптом, сѐ си беше во најдобар ред. Нека ти е со среќичка и со лесно бременоста
Здраво на сите! Веќе година дена се обидуваме со сопругот за бебче, но за жал безуспешно. Имам нередовен циклус. Е сега пред некој ден ми се случи две утра по ред да повраќам, ама не класично повраќање туку само како киселина, имам зголемени и цврсти гради, болка во јајниците и долниот дел од грбот, завчера имав светло жолт ваѓинален исцедок, а вчера тестот ми покажа негативен. Можно ли е да е рана бременост и уште да не покажува тестот? еве го тестот
Почекај ден два направи пак. Може пмс може бременост. Јас буквално немав разлика во симптоми исто како пмс шанси немаше да се посомневам... почекај направи сабајлечки
Има имааа Јас 11 недела терам моментално Со лесно и убаво да се дружиме и сега Во однос на симптоми сега ми е помачно и повеќе имам гадење и повраќање од првиот пат. Тогаш памтам дека брзо ми поминаа, дали 1 недела ми траеја мачнините, а сега од 6 недела наваму за никаде сум
Ооо значи ова породилно ќе се дружиме во кафичи со колички минатото во заробеништво Со лесно нека ти е и тебе, да ми се вратија пак мачнини и мене за некој ден 6та нед
Здраво. Со дечкоми претходниот месец имавме незаштитен однос тоа беше 2 3 дена пред овулација .Сега ми доцни десетина дена.Последните 4 дена имам некаков кафеав исцедок малку на црвено но не можам да кажам дека е менструацијата.Што мислите што е работата?
Па направи. Ако е позитивен со среќа и со лесно. Ако е негативен, преглед на гинеколог. На незаштитени односи и каснење од 10 дена, незнам како те држи место , да не направиш тест…
Како можеме ние да знаеме и мислиме "што е работа?" Тоа треба ти да знаеш и дечко ти, пред да се впуштите во сексуални односи, едуцирајте се околу истата тема, ижи разговарајте со гинеколог. Секој незаштитен однос е потенцијален за бременост, не можеш никогаш да знаеш, користи заштита и посети гонеколог за преглед поради исцедокот.