Бремена можеш секогаш да останеш, не и давајте лажни надежи на дечишта што читаат тука, после ги читаме во несакани бремености. Точно е дека шансите се поголеми во плодни, ама не и невозможно дека во неплодни не можеш бремена да останеш. Другарка ми непланирано остана во неплодни, пријателка со поминати инвитра, со кажано од неколку доктори дека не може да има деца, остана природно бремена. Книгите едно зборат ама телото не оди секогаш математички. Ако не планирате бременост секогаш со заштита, а не после можам, не можам..