Од завршен циклус на два дена односи до нареден циклус. Сперма се задржува во тело и до 5 дена. Нема така шанси да се пропушти овулација. Друго тестови има за овулација и трето кај матичен на 7-8 ден од циклус и да се види дали има потенцијални фоликули. Туширај се топол туш на половина позади и напред кај јајници. ( совет од доктор добив таков)
Мислам дека е да се подобри циркулацијата, со тоа подобра лубрикација и подобро движење на спермата. Кај мене ете после хсг и баш така постапив и имаше ефект. Истото го кажав на блиска личност, пробувале година дена после еден спонан и ми се јави ми вика те послушав се туширав може 15-20 мин со топол туш па имавме односи и тој циклус остана бремена после година од спонатниот абортус . Сега е негде 20та недела. Овој совет ми го даде Толовски после Хсг, ваљда ете го подобрува ефектот.
Апликациите се според бројки, некои рачунаат според прехдоните белешки некои точно ко по книга. Според мене не се точни. Телото не е робот, влијае секогаш по нешто на овулацијата. За најточно следење со тестови (за овулација) или на гинеколог.
Девојки ме интересира, дали болки во јајници и кичма, потечени гради малку, потемнети може да се некој знак за почеток на бременост? Инаку на завршување на плодни денови сум, па затоа се мислам дали овие симптоми може да ми се од плодните денови или нешто друго?! Инаку прв пат се соочувам со вакви симптоми, знам дека има и промени во телото, па сакам да слушнам и ваше мислење.
Рано е за симптоми. Не е дека телото не поминува низ промени, ама според мене тоа се нормални промени, тековни, само сега ги приметуваме повеќе кога сме во обиди. Вистински симптоми после изоставена менструација. Don't look too much into it. Остави ги да си течат овие макотрпни 2 недели чекање.. Кога треба да не добиеш?
Хаха неее, права си! Сите сме делулу во овие периоди. Од преголема желбичка. Не премислувај само и не гуглај симптоми, мозок на пасење. Ти посакувам многу среќа!
Да, може да се симптоми на бременост, ама може да се и симптоми за добивање менструација. Опушти сe, имаш време се уште.
Ние женските дека сакаме се да си знаеме одма како и што е, да си планираме. Вистина, баш ми е драго чекам позитивни вести дружба секако не очекува.
И од двете може да е. Исти симптоми има и за бременост и за ПМС. На пример јас сега сум во ПМС, да не знаев дека 100%не сум бремена ќе мислев за бременост се работи. 2 недели пред циклус ми почнаа болки во јајници, мачнини особено наутро и мокрам многу често исто како во бременост, некогаш ако не одам на време мислам готова сум. Тахикардии исто, скоро се од симптоми за бременост, а мириси ненормално многу ми сметаат. Ова го поминувам скоро секој месец со симптомите. Почекај до дата па прави тест, со среќа
Често пати ве читам дека ви се исти симптомите на циклус и на бременост. Јас повеќе пати се прелажав така, се надевав дека е бременост а претчувствував дека е само циклус, кога имав болки долен дел од стомак. Знакот кој го барав беше повеќе болка во гради, тоа си го замислив како знак кој ќе двои. Е сега, што се случи кога се случи: немав болка во гради, ама и немав симптоми доле кај јајници и матка. Повеќе погоре во матката беа сензациите, и беа многу многу поблаги од тие за циклус. Не беше исто како кога добивав, само имав имплантациско крварење и осеќав вриење на хормони. Затоа, ноќта на зачнувањето, т.е. пукањето на фоликулот и зачнувањето, ме искина стомакот
И јас имав само некои мали боцкања во матката, нити мачнини нити потечени болни гради, тоа си дојде дури во 3 месец како симптоми. И јас претходните месеци коа требало да ми дојде сум мислела е сега ова е тоа пошто сум имала повеќе симптоми ама не.
Најсилно изразен симптом со двете бремености ми е чувството за мирис. Буквално од одредени мириси ми се гадело, имав одбивност, што претходно не било проблем. Кај мајка ми ист случај, влегла во продавница за гуми со татко ми и не можела да издржи од мирисот, а и двете сме со синдром на полицистични јајници така да доцнење на менструација не е најверодостоен симптом кај нас.
Исто значи, и само да додадам, кога реков "вриење на хормони" сакав да кажам дека ми искочи херпес и егзема а бев ептен убаво расположена уште додека не ни знаев, додека пред циклус сум била нервозна и со главоболка.